Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тешка сообраќајна несреќа кај Крива Паланка
Македонија

Тешка сообраќајна несреќа кај Крива Паланка

31/05/2023

AA

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле З.К.(52) и неговата сопатничка М.К.(52), а полесно повреден е Д.К.(21), сите од Крива Паланка.

Две лица се потешко повредени, а едно полесно во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи во атарот на селото Псача, Општина Ранковце.

Во несреќата учествувале две возила, патничко моторно возило „тико“ и товарно возило со српски регистарски ознаки, при што тројцата повредени се превезувале со „тикото“.

– На магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, атар на село Псача, општина Ранковце, околу 14 часот се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тико“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот З.К. од Крива Паланка и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од 48-годишниот Б.С. од Република Србија – информира Ивана Младеновска, портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Таа изјави дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле З.К.(52) и неговата сопатничка М.К.(52) од Крива Паланка, додека со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило на возраст од 21 година, Д.К. од Крива Паланка. Повредените биле пренесени со возило на Итна медицинска помош Крива Паланка во Општа болница во Куманово каде се констатирани повредите.

Во интервенцијата за извлекување на повредените од оштетните возила се вклучила и екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026
Македонија

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил

14/02/2026
Македонија

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што

14/02/2026
Македонија

Колку навистина чини еден просечен викенд за македонско семејство?

14/02/2026
Македонија

НЕМА СКАНДАЛ БЕЗ ЗАЕВ И БЕЗ ФИЛИПЧЕ Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

14/02/2026
Македонија

Станови од „злато“ – рекордни цени и бум на пазарот

14/02/2026
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41446
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави дека бројот на нови случаи на грип и заболувања слични на грип во периодот

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил 78 годишна жена од Челопек!

14/02/2026

На 13.02.2026 во 19:30 часот во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане гo лишиле од

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што целосно исчезна од кошничката?

14/02/2026

Промените во цените, инфлацијата и навиките на потрошувачите значително ја трансформираа семејната потрошувачка во последните пет години. Анализата на движењата

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy