Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тешка несреќа на влезот во Грција од Македонија, автомобил преврте автобус
Магазин

Тешка несреќа на влезот во Грција од Македонија, автомобил преврте автобус

10/09/2023

AA

 

Четири лица загинаа, а десетици се повредени во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Македонија, при судир на туристички автобус од Србија со две возила.Поради сообраќајната незгода патот од 6.30 часот утрово е затворен за сообраќај.

Тешката сообраќајна несреќа  се случила кога возачот на автомобил со грчки таблички заспал на воланот и удрил во автобус со српски туристи, изјави за „Н1“ директорот на националната асоцијација на туристичките агенции во Србија, ЈУТА, Александар Сеничиќ.Како што рече, по судирот, возачот на автобусот успеал да избегне столб покрај коловозот и се превртел. При превртувањето дошло до судир со друг автомобил.Тројца од жртвите биле во автомобилот кој прв удрил во автобусот, потврди Сеничиќ за грчките медиуми.

 

Тој вели дека голем број патници на нишката агенција „Ski&sun travel“ се повредени и дека се префрлени во болниците во Солун и Поликастро. Претседателот на ЈУТА додава дека има луѓе со скршени раце и нозе, но засега нема информации за жртви меѓу српските туристи.

Портпаролот на противпожарната бригада, Џанис Артопојос изјави дека од еден од двата автомобили биле извадени трите загинати лица. Од истиот автомобил е извадено и четврто тешко повредено лице кое подоцна почина во болница. Од вториот автомобил се извлечени две повредени лица. Вториот автомобил го управувала Србинка со дете, пишува грчкиот портал „Екатимерини“.

Грчкиот весник „Катимерини“ јавува за околу 20 повредени лица во туристичкиот автобус, додека претходно дел од грчките и српските медиуми објавија дека се повредени 40 луѓе.

Во автобусот имало 78 патници, српски туристи кои заминале на одмор во Аспровалта, во регионот на Солун.

Според возачот на автобусот, автомобилот со четворица патници се движел во спротивен правец кога наеднаш удрил во автобусот. Автобусот се превртел и паднал во канал покрај патот. Автомобилот со четворицата патници е целосно уништен.

Оваа сообраќајна несреќа се случила на самиот влез, односно на излезот од Грција, во близина на граничниот премин Евзони, на дел од патот кој не е автопат.

Во тој дел, кој многу возачи го сметаат за многу небезбеден, средината на патот често се користи за заобиколување во двете насоки, а побавните возила се движат во лентата за застанување за да направат место за оние кои брзаат, пишува „Н1“.

Еден од очевидците на несреќата, Македонец, кој утрото се враќал дома, изјави дека на местото на несреќата пристигнал набргу откако се случила несреќата.

„Беше страшно, се уште сум во шок. Едно возило беше среде патот, целосно згмечено, а од него над хаубата висеа две тела, најверојатно возачот и сопатникот. Патниците не можеа да излезат од српскиот автобус додека не дојде брзата помош. Беа покрај патот“, изјави тој за Телеграф.рс.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42345
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

10/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026

Девет лица се приведени по жестока тепачка што се случила ноќеска на Осломешка крстосница во Кичево, во која биле употребени

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy