Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тенкови Леопард 2, но и хеликоптери Апачи доаѓаат во Македонија!
Македонија

Тенкови Леопард 2, но и хеликоптери Апачи доаѓаат во Македонија!

26/05/2025

AA

Тенкови Леопард 2А6, хеликоптери Апачи AH-64, Хамви возила, JLTV оклопни возила и разна друга опрема и средства ќе бидат користени на воениот полигон Криволак во рамките на вежбата во која ќе учествуваат над 2000 воен персонал од 7 земји членки на НАТО и две партнерски земји.

Македонија ќе биде домаќин на воената вежба “Immediate Response 2025“ или „Брз одговор“ која ќе се одржи од 26-ти мај до 9-ти јуни.

Македонија ќе учествува со 950 припадници на Армијата, односно лесниот пешадиски баталјон, Воздухопловниот ВИНГ и Логистичка база. Ќе учествуваат и контигенти од САД, поточно Националната гарда на Вермонт со 710 припадници, потоа контигенти од Албанија (30), Грција (50), Италија (30), Црна Гора (185), Обединетото Кралство (2 учесници, набљудувачи или супервизори), како и партнерските земји Австрија (70) и Косово (150).

Освен тенкови Леопард, кои според информациите ќе ги има 4+1, односно четири борбени тенкови и еден за звлекување, и два хеликоптери Апачи, во вежбата ќе бидат вклучени американските транспортни медицински хеликоптери „HH-60”, попознати како „Црн Јастреб“, потоа транспортен хеликоптер „МИ 8/17“, инжинерско возило „Хаски“, а ќе се употребуваат минофрлачи.

Вежбата е практично демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната, преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река и АБХО вежби.

Вежбата е дел од серијалот вежби „Defender 25” кои редовно се реализираат на годишно ниво и претставуваат долго планирани вежби предводени од Армијата на САД за Европа и служат за зајакнување на источното крило на НАТО.

Граѓаните ќе имаат можност и одблиску да ја видат и да се запознаат со дел од воената опрема која ќе биде користена и која ќе биде изложена во Кавадарци на први јуни од 10 до 13 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Случај „Онкологија“: Словенечкото вешто лице и одбраната на Васев со

12/02/2026
Македонија

СУДЕЊАТА ПО ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ 12 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО

12/02/2026
Македонија

НАПАДНАТИ ДВАЈЦА ПОЖАРНИКАРИ ВО КУМАНОВО Приведени двајца мажи, градоначалникот бара

12/02/2026
Македонија

Истепани пожарникари во Куманово, уапсени две лица – се бара

12/02/2026
Македонија

Кумановци вработени во Ирак и Авганистан повторно на протест пред

12/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ УЧИ ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ОД МАЛИ НОЗЕ Новина во

12/02/2026
Македонија

Кривични пријави за поранешен директор на „Водовод“ Кочани и тројца

12/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН Малолетничка фатена зад волан

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41385
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Случај „Онкологија“: Словенечкото вешто лице и одбраната на Васев со спротивставени ставови за медицинските протоколи

12/02/2026

Вештото лице од Словенија, Маја Равник, денеска повеќе од осум часа одговараше на вкрстени прашања во судскиот процес за случајот

СУДЕЊАТА ПО ДВЕ ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ 12 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ЌЕ ПОЧНАТ ВО МАРТ

12/02/2026

Судскиот процес по обвинителниот предлог во кој се опфатени тројца полицајци во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

НАПАДНАТИ ДВАЈЦА ПОЖАРНИКАРИ ВО КУМАНОВО Приведени двајца мажи, градоначалникот бара одговорност

12/02/2026

Двајца 32-годишни кумановци се приведени откако физички нападнале пожарникари пред зградата на Територијалната противпожарна единица во Куманово. Инцидентот се случил

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy