Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тендерот од гласањето на дијаспората е поголем од печатењето на ливчињата за сите гласачи
Економија

Тендерот од гласањето на дијаспората е поголем од печатењето на ливчињата за сите гласачи

10/06/2024

AA

Тендерот од гласањето на дијаспората е поголем од печатењето на ливчињата за сите гласачи, објави Центарот за граѓански комуникации во своето последно истражување за јавните набавки.

Државната изборна комисија (ДИК), за спроведување на последните претседателски и
парламентарни избори, склучила 22 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 213.625.656
денари, односно 3.473.588 милиони евра.
Вредноста на тендерите за спроведување на изборите годинава e поголема за 47 милиони денари
(767 илјади евра) од вкупната вредност на тендерите склучени за претседателските избори во 2019
година и за предвремените парламентарни избори во 2020 година. 

Гласањето на дијаспората чинело повеќе отколку печатењето на ливчињата за сите гласачи. Вредносно најголем склучен договор за изборите 2024 година е за „транспорт и сместување на
членови на изборните органи (ИО) во дипломатско конзуларните претставништва (ДКП) за
избори“, склучен со Друштво за туризам, промет и услуги Њу вејс оф травел ДООЕЛ Скопје во
вредност од 50 милиони денари (813 илјади евра). Договорот опфаќа транспорт и сместување на
по најмногу 8 лица на 31 дестинација во светот. Во оваа постапка понуди доставиле две фирми, Њу
вејс оф травел ДООЕЛ Скопје и Авиотурс Травел Сервис ДООЕЛ Скопје. 

Поради високата вредност,
оваа тендерска постапка била предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки.
Во текот на контрола се дадени одредени насоки до ДИК, но и во повторната евалуација на
понудите, за најповолна е избрана понудата на Њу вејс оф травел. Инаку, проценетата вредноста
на тендерот е за 9 милиони денари повисока од вредноста на склучениот договор

Договорот за транспорт и сместување на членовите на изборните органи во дипломатско
конзуларните претставништва е повисок дури и од договорот за изработка и печатење на
доверливиот изборен материјал што изнесува 46 милиони денари (748 илјади евра) склучен со Акционерско друштво Печатница Киро Дандаро заштитно друштво Битола. Овој договор е склучен
преку постапката со преговарање без претходно објавување оглас. 

„Оваа нетранспарентна
постапка, со одобрение на Бирото за јавни набавки, е применета откако во претходна постапка за
која бил објавен оглас се донела одлука за поништување. Вистинската причина за поништувањето
не е јавно објавена бидејќи во Известувањето за поништување на постапката е наведено
образложение „бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвидени за постапката за
јавна набавка“.
Но, Законот за јавни набавки не предвидува минимален број на понудувачи во отворена постапка,
каква што била применета во случајот. Инаку, за печатење на доверливиот изборен материјал се
преговарало само со Печатница Киро Дандаро“, заклучува истражувањето.

Третиот по големина договор е исто така склучен во постапка со преговарање без претходно
објавување оглас со фирмата Дермалог Идентификејшн Систем ГмбХ за прилагодување на
имплементиран Интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите. 

Дури 41 % од вредноста на договорите за јавни набавки се склучени во постапките со директно
преговарање со понудувачите. Станува збор за 5 договори, но сите со висока вредност и тоа за:
„изработка и печатење на доверлив материјал“, „прилагодување на имплементиран интегриран
систем за биометриска идентификација на гласачите“, „транспорт на доверлив и недоверлив
материјал за избори од печатница до ОИК и МНР“, „избор на ПР агенција за обука на
гласачи/видео и аудио спот, флаери, плакати и друго“ и „ИТ и техничка опрема за организирање на
избори – таблети“. Вкупно преку оваа нетранспарентна постапка се склучени договори во вредност
од 87 милиони денари (околу 1,4 милиони евра).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

11 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ Ќе нема летови

28/02/2026
Македонија

Приведен 33-годишен скопјанец – во возилото пронајдени две малолетнички

28/02/2026
Македонија

ПОЧИНА ХИРУРГОТ И ПРОФЕСОР ВЛАДО ЈАНЕВСКИ Докторот ѝ беше сопруг

28/02/2026
Македонија

Формиран кризен штаб во МНР – се следи состојбата на

28/02/2026
Македонија

Почина сопругот на министерката за образование Весна Јаневска

28/02/2026
Македонија

Пронајдена марихуана, пиштол и куршуми – приведени три лица

28/02/2026
Македонија

СТОИМЕ СО АМЕРИКАНСКИТЕ СОЈУЗНИЦИ ВО СООЧУВАЊЕТО СО ЗАКАНИТЕ НА БЛИСКИОТ

28/02/2026
Македонија

11 македонски државјани побарале евакуација од Израел

28/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

11 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ Ќе нема летови најмалку до понеделник

28/02/2026

До овој момент, до дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, 11 македонски државјани официјално побарале евакуација од Израел, соопшти Министерството за

Приведен 33-годишен скопјанец – во возилото пронајдени две малолетнички

28/02/2026

На 27.02.2026 околу 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници сопреле патничко возило кое го управувал З.Т.(33)

ПОЧИНА ХИРУРГОТ И ПРОФЕСОР ВЛАДО ЈАНЕВСКИ Докторот ѝ беше сопруг на министерката Весна Јаневска

28/02/2026

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy