
Тен Хаг со порака до Хојлунд: Потребни ни се гладни фудбалери!
Навивачите имаат големи очекувања од Хојлунд во новата сезона, а тренерот на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг испрати порака до новото засилување.
„Мислам дека има голем потенцијал. Сепак, треба да се докаже на теренот. Ни требаат гладни фудбалери и Хојлунд е играч кој сака да постигнува голови, да победува и да освојува титули“, кажа Тен Хаг.
