Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Телеком Србија ги поместува стандардите во регионалната кинематографија
Македонија

Телеком Србија ги поместува стандардите во регионалната кинематографија

24/10/2023

AA

Продукцијата од чија „кујна“ во изминативе неколку години произлегоа хит сериите „Беса“, „Јужен Ветер“, „Државен службеник“ и низа други слободно може да заклучиме дека ги помести границите на балканската кинематографија.

Телеком Србија, телекомуникациската компанија која важи за лидер во својата индустрија во регионот, а во Македонија е присутна преку телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, од 2018 година одлучи да го прошири своето делување и така на своите корисници да им понуди многу повеќе од само телекомуникациски услуги. Во изминативе неколку години љубителите на квалитетната кинематографија во регионот, но и пошироко уживаат во филмови и серии кои не само што го постигнуваат светскиот квалитет на продукција, туку и наметнуваат нови стандарди. Сериите во продукција на Телеком Србија во моментов се гледаат дури на пет континенти во светот.

Досега Телеком Србија има продуцирано повеќе од 55 наслови на серии и филмови со околу 90 сезони, а во фаза на реализација се уште 15 сезони/серии.

Компанијата има сериозни и амбициозни планови и за во иднина, потврдени и со неодамна договорената соработка со Амазон Прајм Видео и шпанската РТВЕ за заедничка продукција на нова серија насловена „Лузна“.

„Ова е уште еден доказ дека Телеком Србија со своето вложување во продукција на играна содржина во целост ги менува достигнувањата на кинематографијата во регионот. Во делот на продукцијата нашата компанија им конкурира на светските стандарди и затоа оваа година ќе биде особено значајна за нас, бидејќи сме насочени кон понатамошна интернационализација на содржината, при што првата една таква соработка ќе биде остварена со продукцијата ‘Амазон Прајм Видео’ во реализација на проектот „Лузна“, велат од компанијата.

Соработката беше потврдена при неодамнешниот настап на Телеком Србија на прочуениот МИПКОМ во Кан, најголемиот светски собир на менаџери од ТВ и индустријата за забава. Серијата „Лузна“ (Scar) ќе се снима во копродукција на српска, шпанска и мексиканска продукциска куќа, а екипата која стои зад серијата е добро позната и има добиено повеќе награди. Од писателите Пабло Роа, Фернандо Санкристобал и Вероника Марза, тимот кој стои зад некои од најнаградуваните проекти како што се „Куќата од хартија“ (La Casa de Papel), „Играчка“ (Toy Boy) и „Ѓавол“ (Diablero), пристигнува драма од осум епизоди што ќе се снимаат во Србија и Шпанија кон крајот на годината, а во режија на Мигел Анхел Вивас, кој зад себе има неколку големи остварувања како „Куќа од хартија“, „Виз-а-ви“ и „Изумирање“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
Македонија

750 КЛИЕНТИ НА АЛТА БАНКА ПОДИГНАА ДО 20.000 ДЕНАРИ Овозможени

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Нема неправилности според надзорот,

09/11/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ГИ МЕНУВА СТАВОВИТЕ СПОРЕД ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ Реакции од

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти

09/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46680
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ Од недела ќе застуди

09/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. По одделни котлини ќе има

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со 6 возила

09/11/2026

Голњм пожар избувна попладнево во објект кој се користи како куќа и магацин во близина на Бит-пазар во Скопје. Од

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД ДРУГИ МОТИВИ Инспекторатот за јазици

09/11/2026

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска ги отфрли обвинувањата од Демократската унија за интеграција (ДУИ), посочувајќи дека

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy