Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТЕ-ТО продал струја од 300 милиони евра со неполни осум месеци работа и под државни регулации
Економија

ТЕ-ТО продал струја од 300 милиони евра со неполни осум месеци работа и под државни регулации

26/07/2023

AA

Гасната централа АД ТЕ-ТО минатата година остварила приходи за повеќе од 320 милиони евра и со овој резултат речиси сигурно влегува во Топ-5 најуспешни македонски компании по остварена продажба во 2022. 

Резултатот е подобар за околу 190 милиони евра во однос на една година претходно, а тоа најмногу се должи на големиот пораст на цената на електричната енергија која што ја произведува единствената гасна централа во земјата. Добивката е 11,5 милиони евра, а менаџментот сепак во консолидираниот извештај објавен на „Македонска берза“ е незадоволен од оствареnoto. Според компанијата чиј краен сопственик е фирма од Москва, загубена е добивка од 35 милиони евра. Од таму тврдат дека таа можела да биде многу поголема во околности кога се купувал гас по пазарни услови, а од друга страна со кризна одлука на Владата по регулирана цена се продавала струја на АД ЕСМ и топлинска енергија за парно. 

Поголемиот дел од приходите се должи најмногу на продажбата на произведената електрична енергија – 300 милиони евра, додека останатиот многу помал дел е продажба на топлина за БЕГ, односно за ЕСМ Топлина, како и тргување со природен гас.

Целокупниот резултат е направен со многу помалку работни денови затоа што морало да се калкулира со високата и променлива цена при набавката на гас, како и поради ремонтните активности. 

Најголеми купувачи на струјата од ТЕ-ТО биле АД ЕСМ и трговците Енерџи Фајненсинг Тим (ЕFT), ЕТМТ Енерџи, Дуферко МК, ЕДС и ГЕН-И.

„Во 2022-ра година вкупно беа остварени 238 комерцијални работни денови, што претставува
намалување во однос на претходната година кога беа остварени 303 комерцијални работни
денови“, објави ТЕ-ТО во извештајот.

„Во текот на 2022-та година компанијата се соочи со отежнати услови за работа на пазарот.
Драстичниот раст на цените на електричната енергија и гасот на регионалните берзи, доведе до
банкрот на 10-тина деловни партнери. Останатите компании, вклучително и ТЕ-ТО АД Скопје се
соочија со потреба од огромен ликвиден капитал за сервисирање на тековното работење, што
придонесе до намалување на ликвидноста на пазарите.
Ликвидноста на пазарот во Македонија се намали и поради големите загушувања на преку
граничните капацитети, што го оневозможува ефикасниот увоз/извоз на електрична енергија. 

На ликвидноста на пазарот негативно влијаеше и продажбата на електрична енергија по цени
значително пониски од пазарната цена од страна на АД ЕСМ кон голем дел од
либерализираниот пазар: ЕВН Хоме, ЕВН Дистрибуција, МЕПСО итн… Ова доведе пазарот на
електрична енергија да има значително лоша ликвидност и значително отежната продажба на
електричната енергија.
Заради ваквата состојба со пазарот на електрична енергија, ТЕ-ТО АД Скопје беше приморан да
објавува месечни повици за продажба на електрична енергија, без можност да го фиксира
производството на подолг временски период“, резимира централата.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy