Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Иако бил 99% слеп пак добил возачка па со камион усмрти жена кај Неготино
Македонија

Иако бил 99% слеп пак добил возачка па со камион усмрти жена кај Неготино

01/08/2025

AA

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против 61-годишен маж кој, и покрај тоа што имал утврдена попреченост со 99% намалена видна функција (слепило), управувал товарно моторно возило и усмртил пешак на регионалниот пат Пепелиште–Неготино.

Несреќата се случила на 3 декември 2024 година, кога обвинетиот, без важечка возачка дозвола, возел „Ситроен џампер“ со велешки таблички. На местото викано „Лаки“, тој со ретровизорот ја удрил во главата 61-годишната пешачка Ангелина Ангелова, која по ударот била отфрлена од патот. Според вештачењето, таа добила тешки повреди – скршеници на черепот, вратните пршлени и други коски – од кои починала на самото место.

Во текот на истрагата, обвинителството прибавило медицинска документација која покажува дека обвинетиот бил корисник на инвалидска пензија поради слепило, но сепак продолжил да управува возило. Уште пострашно, тој успеал да ја продолжи возачката дозвола и по несреќата, иако неговата попреченост била официјално регистрирана.

Поради сериозноста на случајот, обвинителството побара од ОВР Неготино да ги провери начините на добивање и обновување на возачката дозвола, како и веродостојноста на медицинската документација со која обвинетиот користел и инвалидска пензија и управувал возило.

Случајот отвора сериозни прашања за контролата на институциите во процесите на издавање на возачки дозволи и признавање на инвалидитет. Обвинетиот се товари за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, според членовите 300 и 297 од Кривичниот законик.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy