Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТАВ Македонија е добитник на сертификатот Great Place To Work® втора година по ред
Македонија

ТАВ Македонија е добитник на сертификатот Great Place To Work® втора година по ред

09/04/2026

AA

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, добитник е на сертификатот Great Place To Work® (март 2026 – март 2027), втора година по ред, откако минатата година ја доби за прв пат.

Престижната награда се базира целосно на она што го кажуваат сегашните вработени за нивното искуство во работењето во ТАВ Македонија. Сертификацијата доаѓа по темелна евалуација на политиките на компанијата и практиките на работното место, преку анкета на вработените.

„ Добивањето на овој сертификат по втор пат е особено значајно. Тоа не само што одразува кои сме, туку и како продолжуваме да растеме. Покажува дека нашата посветеност на слушање, подобрување и поддршка едни на други не е еднократно вложување, туку постојан приоритет.

Ова признание им припаѓа на сите вработени. Тоа е изградено врз секојдневна посветеност, тимска работа, професионализам и почитта што ја покажуваме едни кон други. Тоа се одразува во начинот на кој ги управуваме нашите аеродроми, Меѓународниот Aеродром Скопje и Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со гордост, одговорност и грижа. Во исто време, ова не треба да го гледаме како како крајна цел, туку како мотивација. Одржувањето на навистина одлично работно место бара континуирано внимание, отвореност и заложба.

Нашата цел останува јасна: да продолжиме да ја зајакнуваме културата каде што луѓето се чувствуваат ценети, слушнати и инспирирани да го дадат својот максимум.

Би сакал да им се заблагодарам на сите вработени за нивниот придонес, енергија и посветеност. Заедно, ќе продолжиме да градиме работно место во кое сите ќе сме горди што сме дел од него“, рече Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

„Сертификацијата Great Place To Work® е многу посакувано достигнување кое бара постојана посветеност на целокупното искуство на вработените“, вели Сара Луис-Кулин, потпретседател за глобалното признание во Great Place To Work®.

Таа нагласува дека сертификацијата е единственото официјално признание што се добива врз основа на повратни информации од вработените во реално време за културата на нивната компанија.

„Со успешното стекнување на ова признание, очигледно е дека ТАВ Македонија се издвојува како една од најдобрите компании за работа, обезбедувајќи одлична работна средина за своите вработени.“

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО „Б-КАТЕГОРИЈА“ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗИ МОТОР ДО 125 КУБИЦИ

09/04/2026
Македонија

Марјановиќ: Условите на Онкологија се нехумани и за пациентите и

09/04/2026
Македонија

Приведен турски државјанин – пронајдена дрога и компјутери преку кои

09/04/2026
Македонија

По загубата од поплавите колегите од Малешевијата застанаа зад Никола

09/04/2026
Македонија

Одложено рочиштето за убиствата на Вања и Панче – Боре

09/04/2026
Македонија

ТОКСИКОЛОШКИТЕ АНАЛИЗИ МОЖЕ ДА ОДАТ САМО КАЈ ОБВИНИТЕЛСТВОТО И КАЈ

09/04/2026
Македонија

Измени во законот за трансплантација: Повеќе можности за дарување органи

09/04/2026
Македонија

ТАВ Македонија е добитник на сертификатот Great Place To Work®

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42290
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО „Б-КАТЕГОРИЈА“ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗИ МОТОР ДО 125 КУБИЦИ Еве кои други услови треба

09/04/2026

Собранието на Македонија ги изгласа измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со што се воведува долгоочекуваната новина

Марјановиќ: Условите на Онкологија се нехумани и за пациентите и за персоналот

09/04/2026

Иако оваа година се направени напори за воведување на осум нови лекови и подобрување на протоколите преку конзилијарни мислења, условите

Приведен турски државјанин – пронајдена дрога и компјутери преку кои организирал он лајн игри на

09/04/2026

На 09.04.2026 во Скопје, на територија на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy