Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден
Македонија

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

08/04/2026

AA

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Гупацијата – дванаесетта година е дел од хуманитарната иницијатива “Подај рака“ на Општина Илинден, која општината ја спроведува во соработка со Црвениот крст.

Во пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт заедно со вработените денеска ги предадоа хуманитарните пакети на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски во Домот на културата на Општината од каде волонтери на Црвениот Крст, ќе ги достават до семејствата на кои им се најпотребни овие продукти.

„Целта на оваа хуманитарна иницијатива која е дел од нашата долгорочна заложба за поддршка на ранливите категории на граѓани е да донесе поддршка таму каде што е најпотребна – во домовите на семејствата кои секојдневно се соочуваат со предизвици. Со оваа донација сакаме да придонесеме празничните денови да ги поминат со повеќе топлина, достоинство и чувство дека не се сами. Намерата на ТАВ Македонија е покрај поврзувањето на луѓето и световите, да создава трајна вредност во општеството преку грижа, одговорност и солидарност“, порача Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

ТАВ Македонија континуирано реализира низа иницијативи насочени кон корпоративна општествена одговорност преку кои поттикнува солидарност, грижа и поддршка кон подобрување на квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани.

Денешната донација претставува дел од оваа поширока заложба за општествен ангажман, преку која ТАВ Македонија активно ги поддржува локалните заедници во општините каде што оперираат Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.

Kомпанијата и понатаму останува посветена на унапредување на одржливи, хуманитарни и едукативни проекти што придонесуваат за благосостојбата на луѓето и за заштита на животната средина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42343
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026

Од денеска Европската Унија започнува со целосна примена на новиот дигитален систем за контрола на влез и излез на странски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy