Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТАВ Аеродроми: Инвестиравме 3,8 милиони евра во модернизација на патничките услуги на Меѓународниот Аеродром Скопјe во 2025 година
Македонија

ТАВ Аеродроми: Инвестиравме 3,8 милиони евра во модернизација на патничките услуги на Меѓународниот Аеродром Скопјe во 2025 година

29/11/2025

AA

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, континуирано инвестира во унапредување на инфраструктурата, услугите и современо патничко искуство на двата аеродроми во земјава.

Во 2025 година на Меѓународниот Аеродром Скопје реализирани се значајни проекти со инвестиции во вкупен износ од 3,8 милиони евра со една цел – подобрување на ефикасноста и квалитетот на услугите и зголемување на удобноста за патниците.

Повеќето од инвестициите направени досега оваа година на скопскиот аеродром се за подобрување на аеродромските услуги, комерцијален развој и технолошка модернизација.

„Следејќи ги четирите стратешки столба на нашата матична компанија ТАВ Аеродроми, членка на француската групација АДП – гостопримство, почит, дигитализација и одржливост, нашите инвестиции на скопскиот аеродром оваа година имаа за цел да обезбедат функционален, модерен и пријатен аеродром кој ги следи најновите стандарди на индустријата и ги надминува очекувањата на патниците. ТАВ Македонија, заедно со своите сестрински компании: BTA (храна и пијалоци), ATU (бесцарински продавници), ТАВ МОС (комерцијални услуги) и ТАВ Технолоџис (ИКТ услуги), воведоа многу новини во областа на заминувања, кај излезите: работни катчиња со станици за полнење на мобилни уреди со бесплатен Wi-Fi; подобрена удобност со нови столици и фотељи за одмор; подобри информативни знаци за патниците; нови големи монитори со информации за летовите, интерактивни киосци кои служат како водич за патниците; нов ресторан – Need Stop, нова бестселер беsцаринска продавница, новo детско катче, станици за вода за пиење. Сите овие новини се доказ за посветеноста на нашата групација кон квалитетот на услугите и нашиот стремеж кон високо ниво на задоволство на патниците. Особено сме задоволни што секоја надградба на услугите веднаш носи позитивни резултати, попријатна атмосфера и подобро искуство“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Покрај инвестициите во зоната на излезите на скопскиот аеродром, Курт ги нагласи и инвестициите направени во надградби на техничките системи, опремата за земјени операции и опремата за терминалната зграда, со цел да се постигне зголемена оперативна ефикасност на скопскиот аеродром.

„Претходно споменатите инвестиции се нови карактеристики за подобрување на искуството на патниците, што ги прави многу видливи за сите. Сепак, во 2025 година направивме и други инвестиции, фокусирајќи се на надградби на техничките системи и нова опрема за земјените операции на аеродромската платформа, како и процесите во терминалната зграда, кои се повидливи за авиокомпаниите како наши директни клиенти. Дел од новата опрема што ја купивме која се користи на платформата на скопскиот аеродром се најсовремено противпожарно возило, разна опрема за земјените операции со авионите, потоа нови паркомати за самоплаќање, возило за брза помош за нашата медицинска служба, а исто така направивме и проширување и адаптација на чекалната за патниците пред пасошка контрола“, објаснува Курт.

Новиот ресторан за храна и пијалаци на BTA, Need-Stop, се наоѓа на 320 квадратни метри и со својата проширена понуда од 65 отсто веќе привлекува многу патници додека чекаат на излезите.

Новата бестселер продавница на ATU се наоѓа на 125 квадратни метри и го привлекува вниманието на патниците со својата специфична понуда што опфаќа претежно локални, македонски брендови.

Паралелно со инвестициите на скопскиот аеродром, на охридскиот аеродром се спроведуваат подготовки за нови развојни проекти, кои се во административна фаза, со фокус на подобрување на оперативните процеси, услугите за патниците и визуелниот дизајн на аеродромот.

Според Курт, сите инвестиции досега веќе донесоа значајни промени и подобро секојдневно искуство и за вработените и за патниците.

Како што потенцира тој, ТАВ Македонија, со поддршка на својата матична компанија – ТАВ Аеродроми, членка на француската групација АДП, ќе продолжи да се фокусира на подобрување на двата македонски аеродроми за да ги направи уште поимпресивни, помодерни и препознатливи по нивните врвни услуги.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот

22/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да

22/10/2026
Македонија

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА

22/10/2026
Македонија

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ПЛАТИ КИРИЈАТА!? Институцијата

22/10/2026
Македонија

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ,

22/10/2026
Македонија

ОЧЕКУВАМ НАСКОРО ДА БИДЕ ВАЛОРИЗИРАН НАШИОТ НАПРЕДОК ВО РЕФОРМИТЕ И

22/10/2026
Македонија

ВИНИЧАНЕЦ ЌЕ ДОБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЕДНА СЕМКА OД КАНАБИС

22/10/2026
Македонија

ЖИВЕЕМЕ ВО ЕДЕН ОД НАЈПРЕДИЗВИКУВАЧКИТЕ ПЕРИОДИ ВО ИСТОРИЈАТА! Мицкоски пред

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46326
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот круг граѓаните да гласаат по

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да гласаат по свое убедување во

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА СИ ЗАМИНЕ На СДСМ му

22/10/2026

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да застане на чело на СДСМ, но смета дека во овој момент не треба

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy