Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таткото на Вања за Палчо: Лично го немам видено, како лик, како изгледа
Македонија

Таткото на Вања за Палчо: Лично го немам видено, како лик, како изгледа

11/04/2025

AA

На денешното рочиште Александар Ѓорчевски, таткото на трагично убиената Вања Ѓорчевска одговараше на прашања поставени од обвинителството во рамки на судскиот процес.

Во своето сведочење, тој повтори дека лично не познава никого од останатите обвинети, освен што слушнал за Љупчо Палевски – Палчо, кој се спомнувал во соседството додека се градела зградата „Тифани“.

„Лично го немам видено, како лик, како изгледа“, истакна Ѓорчевски.

Објасни дека седум-осум години не бил вработен, откако заедно со сопругата Зорица се договориле тој да ги преземе грижите околу децата додека таа работи.

Обвинителката, преку низа прашања, се обиде да укаже дека тој не обезбедувал финансии за семејството.

Меѓу другото, беше запрашан и за своето школување, каде рече дека до петто одделение бил одличен ученик и соученик на Радмила Шекеринска, но дека во тинејџерските години попуштил во учењето.

„Татко ми ме запиша во Економско средно без моја согласност, поради што бев револтиран“, рече тој.

На прашања за секојдневната рутина на неговите ќерки, Ѓорчевски потврди дека знаел кога им почнува наставата и дека вообичаено, во петок, Вања одела сама на училиште бидејќи нејзината сестра Миња имала втор час. Истото важело и за денот на грабнувањето, 27 ноември 2023 година.

Обвинителката посочи дека само тој од сите обвинети знаел дека Вања тој ден ќе биде сама, што тој не го оспори, додавајќи: „Да, јас знаев, но не знам што знаеле другите.“

Во својата анализа, обвинителката посочи и порака што таткото ја испратил до децата вечерта пред исчезнувањето, предупредувајќи ги дека ќе биде многу студено и да облечат топла облека.

„Сакав да ги подготвам, бидејќи знам дека не сакаат да се облекуваат топло. Дури ѝ ја препратив пораката на Зорица, знаејќи дека мене нема да ме послушаат“, објасни Ѓорчевски.

На прашање зошто, ако знаел дека ќе биде многу студено, не ги однел со автомобил, тој рече дека размислувал, но дека неговата сопруга сметала оти не треба да ги разгалуваат децата.

Обвинителката се интересираше и за утринскиот момент кога дознал дека Вања ја нема. Иако важел за човек кој често доцни, Ѓорчевски рече дека брзо реагирал.

„Бев во долна облека кога Зорица ми се јави. Ја ставив на спикер се облекував додека ми зборуваше“, рече тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy