
Татко со секира нападнал син во Битола – полицијата го уапси!
На 19.02.2026 во 11:15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ф.В.(41) од Битола поради сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „загрозување на сигурноста“, односно затоа штпо на 18.02.2026 физички го нападнал неговиот син, при што употребил и секира.
Додека со него се водел службен разговор во Полициската станица Битола, тој нападнал полициски службеници и оштетил дел од инвентарот.
За настанот е известен јавен обвините и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави.
