Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таравари ги коментираше заминувањата: Не мислеа на народот, туку на власта
Македонија

Таравари ги коментираше заминувањата: Не мислеа на народот, туку на власта

25/05/2025

AA

На вонредното заседание на Собранието на Алијансата за Албанците, од крилото на Арбен Таравари беше разрешен досегашниот претседател на Собранието на партијата, Арбен Фетаи. Како што истакна Таравари, седницата на Собранието е иницирана од две третини од членовите и доаѓа неколку дена по противењето на неколку високи партиски функционери на неговата одлука за излегување од Владата и коалицијата. За нов претседател на Собранието на АА е избран Назим Таипи.

„Исклучивме и неколку членови на претседателството, кои веќе јавно се изразуваат против Алијансата за Албанците. Исклучени се вкупно осум од 46 членови на Централното претседателство, што значи дека продолжуваме со мнозинство, а седницата беше одржана со апсолутно мнозинство во Централното собрание. За Мимоза Муса нема донесено одлука, бидејќи не е јасно дефинирано нејзиното определување – дали останува со Алијансата или преминува во ВЛЕН – немаме јасна порака“, изјави Таравари.

„По заминувањето на тие што се интересираат само за власт, Алијансата за Албанците силно ќе се зајакне и ќе стане водечка политичка сила во иднина“, додаде тој.

Таравари информираше дека Собранието ја потврдило одлуката на партијата за излегување од Владата и самостоен настап на локалните избори во октомври. Најави и можни соработки и со ДУИ и со ВЛЕН.

„Во Битола, во Кичево, во Брвеница, во Чашка, во Преспа, во Бутел ќе соработуваме со ДУИ и со ВЛЕН, бидејќи само така можеме да им помогнеме на Албанците, тоа е во интерес на Албанците. Во другите општини ќе видиме… Нема конечна одлука. Не ја исклучуваме соработката со ниту една опозициска партија, освен со Левица. Бидете сигурни дека со Левица нема да соработуваме“, изјави Таравари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy