Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таравари ќе се жали по одлуката на судот во Тетово за печатите на АА
Македонија

Таравари ќе се жали по одлуката на судот во Тетово за печатите на АА

16/02/2025

AA

Лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари најави жалба до Апелација по одлуката на Тетовскиот основен суд печатите на партијата да ги добие Зијадин Села. Според Таравари, „важно е кој ги има членовите, а не кој како ќе се нарекува“.

-Ние продолжуваме, сега оди во Апелација, партијата продолжува комплетно да функционира и 80 отсто од членството, и повеќе од 80 отсто од членството се во Алијанса за Албанците. Меѓутоа, често велам ирелевантно е кој како ќе се нарече и што партиите и сите институции се на луѓето, на членовите на општеството, а не на индивидуи. Јас сум моментално, утре ќе биде некој друг, вчера беше Зијадин и така натаму… Важно е кој ги има членовите, а не кој како ќе се нарекува, вели Таравари во Неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Одговори дека не верува оти крилото на Села ќе се припои на Владата и дека „нема никакви преговори за господинот Села да се приклучува на Владата“.

-Господинот Села веќе е многу близок на господинот Ахмети и јас мислам дека поголеми се шансите да бидат дел од ДУИ и да се спојат со ДУИ отколку да бидат дел од Владата, смета Таравари.

На прашањето дали четирите партии во коалицијата Вреди (Влен) ќе се спојат во една партија, тој одговори дека до локалните избори сигурно нема да има спојување, а по изборите е можно евентуално спојување.

За кандидати на Локалните избори наесен вели дека прават анкети за одредени имиња и се надева кон крајот на март да излезат и со предлози кои би биле нивните кандидати во одредени општини за идни градоначалници.

Во однос на уставните измени, Таравари одговори „нормално дека, како Влен, инсистираат и ќе продолжат да инсистираат“, меѓутоа, вели, „секогаш мора да се убеди и ВМРО“.

-Бидејќи без ВМРО не можат да се случат уставните промени. Значи невозможно е, нема формула којашто може да ги направи уставните промени без тоа да има согласност од ВМРО. Колку што гледам, премиерот е подготвен, меѓутоа бара некаква гаранција. Дали тоа ќе биде од Софија, Брисел или Вашингтон, тоа е ирелевантно, но и дека ова е последно условување за Македонија. Дека е претерано условувањето кон Македонија и за ЕУ и за НАТО, тоа е непобитен факт. Меѓутоа, мора ние да изнајдеме некое решение и да размислиме сериозно затоа што не е убаво Македонија да остане во група со Босна, Косово да бидат три држави од Западен Балкан што не ги почнуваат преговорите, истакнува Таравари во интервјуто за РСЕ.

Додава дека коалицијата Вреди (Влен) ќе се обидува и како дел од Владата да го забрзаат овој процес и, како што вели, „да се обидеме што побргу да се направи нешто да се тргне од оваа статус кво ситуација“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
Македонија

Декларацијата за независност – сведоштво напишано со срце и на

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41480
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои возеле без дозвола, без возила

14/02/2026

Вчера полицијата го зајакна присуството на патиштата низ целата држава и лиши од слобода 15 возачи, од кои две малолетници,

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и снег

14/02/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Во источните региони ќе

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската соработка

14/02/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари значајна средба со Гинтер Крихбаум, државен министер за Европа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy