Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТАЈНАТА СОСТОЈКА НА ОЗЕМПИК ВО ТРКА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ПАЗАР ОД 100 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ – еве на што се темели најпопуларниот лек
Економија

ТАЈНАТА СОСТОЈКА НА ОЗЕМПИК ВО ТРКА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ПАЗАР ОД 100 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ – еве на што се темели најпопуларниот лек

14/06/2024

AA

На фармацевтскиот гигант му треба повеќе семаглутид, клучна состојка во неговите лекови за дијабетес и губење на тежината. Затоа троши 8 милијарди долари за проширување на фабрика во рурална Данска каде што се случува магијата.

Откако грубо ја потцени побарувачката за своите лекови за слабеење – Оземпик и Вегови – Ново Нордиск сега почна осумгодишен проект за проширување, над 8 милијарди долари, во фабрички комплекс во поранешно рибарско село надвор од Калундборг, кој треба да биде завршен во 2029 година.

Ново Нордиск се бори со американскиот производител на лекови Eli Lilly & Co. за водечка позиција на растечкиот пазар на лекови за губење на тежината. Колку подолго е потребно за да се засили производството на состојките, толку повеќе продажбата на компанијата ризикува да изгуби, или од Lilly, или од аптеките кои обезбедуваат копии на Wegovy, благодарение на американската регулаторна дупка што им овозможува да обезбедат верзија на лекот се додека го нема доволно. 

Пазар од 100 милијарди долари

Калундборг е едно од двете места во светот каде Novo Nordisk произведува семаглутид, активната состојка во Ozempic и Wegovy. Другото е фабрика во Северна Каролина.

Колку внимателно инвеститорите го следат крајбрежниот дански град стана јасно во средината на мај кога веста за пожар на покрив на градилиштето накратко избриша повеќе од 20 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата. Производителот на лекови сега ги запре сите поправки на покривот додека се обидува да открие што тргнало наопаку, пишува Bloomberg.

Аналитичарите проценуваат дека Novo ќе има комбинирана продажба од повеќе од 26 милијарди долари оваа година. Лековите за губење на тежината најверојатно ќе станат пазар од 100 милијарди долари до 2030 година, според Goldman Sachs Group Inc.

Магијата на „домашното“ производство

За разлика од Eli Lilly, која се сврте кон надворешни производители за да го направи својот конкурентен лек за GLP-1 Zepbound, Novo Nordisk го задржува производството на состојките Wegovy и Ozempic „во сопствената куќа“. Тоа е релативно невообичаен чекор за производител на лекови. Но, данскиот гигант сака да ги заштити своите производствени тајни чувајќи ги на само неколку места.

Ново Нордиск за лековите за слабеење користи квасец што го произведува во своите капацитети со децении (не само за Оземпик), а користењето квасец и неговиот хормон GLP-1 (кој телото го произведува после оброк) значи дека е потребно подолго време за зголемување на производството, отколку што би требало доколку се користат хемикалии за производство на активната состојка – како што тоа го прави Лили во производството на Zepbound.

Следната генерација

Производителот на лекови вработил 1.000 луѓе во Калундборг минатата година, речиси една четвртина од 4.500 вработени на локацијата, а потребни се повеќе бидејќи побарувачката за лекови GLP-1 расте. За да го реши проблемот со работна сила, Ново Нордиск го преобликува градот околу својата фабрика. Во обид да го зголеми својот „човечки базен“, компанијата привлече биотехнолошки колеџ и истражувачка лабораторија како соседи, додека некои од најголемите дански универзитети планираат да започнат да нудат дипломи таму оваа есен. Во рок од четири години таму ќе учат 1.000 студенти. Гигантот, исто така, помогна во плаќањето на железничката станица до неговата фабрика, лобираше за автопат кој сега се гради и работи на изградба на повеќе куќи во градот за да се смести огромниот прилив на нов персонал.

Дополнително, опремата во новата фабричка хала која треба да почне со производство следната година е дизајнирана да се користи не само за еден вид лек туку и за други кои се уште не се одобрени. „Ова е следната генерација“, велат во Ново Нордиск.

Бонитет.ком

Фото: ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy