Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЗПМ : Подготвени се предлози за зголемување на износот на најниската пензија и ќе бидат доставени до МТСП
Македонија

СЗПМ : Подготвени се предлози за зголемување на износот на најниската пензија и ќе бидат доставени до МТСП

07/08/2023

AA

Линеарно усогласување нема ниту во земјите од нашето опкружување, ниту во пензиските системи на европските земји, се наведува во денешното соопштение од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, а во врска со барањето за линеарно усогласување на пензиите.

Во однос на протестите на пензионерите со ниски пензии, Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, на денешната седница заклучил дека во континуитет ги следи и ниските пензии и сите прашања во врска со правата на пензионерите, како граѓанска организација, ги решава по институционален пат со давање на иницијативи, предлози и мислења до надлежните органи во државата.

– Во услови на редовна исплата на пензиите и усогласување на пензиите со 8,4 проценти од први март 2023 година и очекувано услогласување од околу 6 проценти од први септември, вкупното усогласување во 2023 година ќе изнесува околу 15 проценти, групи на незадоволни пензионери бараат поголемо усогласување на ниските пензии односно линеарно услогласување на сите пензии. Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија го поддржува барањето за покачување на висината на минималната пензијаи и затоа подготви Предлози за зголемување на износот на најнискиот износ на пензија и истите ќе бидат доставени до Министерството за труд и социјална политика, се наведува во соопштението од СЗПМ.

Се додава дека СЗПМ смета дека Предлозите се одржливи и остварливи и нема да предизвикат финансиска нестабилност на Фондот на ПИОМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Пена во реката Вардар: Општина Зелениково на терен, се

21/11/2025
Македонија

Двајца малолетници пријавени за исчезнати во Прилеп – МВР презема

21/11/2025
Македонија

Првиот снег доаѓа во Македонија оваа недела

21/11/2025
Македонија

📷 МИЦКОСКИ НА РЕГИОНАЛЕН САМИТ ВО ТИРАНА Остануваме ориентирани кон

21/11/2025
Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е реален, развоен и со фокус

21/11/2025
Македонија

Мицкоски во Тирана: Самитот „Нашиот пат кон ЕУ“ ја зајакнува

21/11/2025
Македонија

Министерството за здравство го мапира човечкиот капитал во здравствениот систем

21/11/2025
Македонија

📷 НЕМА ДА ОСТАНАТ СЕЛА ОТСЕЧЕНИ ОД АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Почна

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37900
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Пена во реката Вардар: Општина Зелениково на терен, се земаат примероци од водата!

21/11/2025

Општина Зелениково информира дека утрово, при активирање на пумпите за препумпување на отпадната вода од Скопското Поле, во селото Таор

Двајца малолетници пријавени за исчезнати во Прилеп – МВР презема мерки за пронаоѓање

21/11/2025

На 21.11.2025 во 01:00 часот во ОВР Прилеп С.М.(40) од Прилеп пријави дека нејзиниот малолетен син на 20.11.2025 во 14.00

Првиот снег доаѓа во Македонија оваа недела

21/11/2025

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа, особено во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m²

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy