Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Светозар Јаневски му продаде на Мишковиќ вино и ракија за 9 милиони евра
Економија

Светозар Јаневски му продаде на Мишковиќ вино и ракија за 9 милиони евра

10/07/2023

AA

Најголемата винарска визба „Тиквеш“, минатата година му продала алкохолни пијалоци во вредност од 530,6 милиони денари, или за околу 8,6 милиони милиони евра на Делта ДМД Доо Белград, фирма-ќерка на Делта Холдинг, една од најголемите компании во Србија.

Ова е изнесено како новопласирана информација во ревидираниот консолидиран извештај на ВВ Тиквеш објавен на „Македонска берза“. Делта ДМД Доо Белград е означен како најголем клиент на македонскиот произведувач и единствен кој што му носи над 10 отсто од приходите. Продажбата кон оваа компанија за трговија со брендови изнесува 24,86 отсто во вкупните приходи на ВВ Тиквеш.

Произведувачот од Кавадарци лани продал флаширано вино и ракија во вредност од 36,25 милиони евра, што е подобар резултат за 5 милиони евра во однос на една година претходно. Приходите во 2022 од продажба биле значително подобрени на сите три пазари на „Тиквеш“ – македонскиот, српскиот и тој во Југоисточна Европа.

Добивката е 3,15 милиони евра, односно за безмалку цел милион подобра од една година претходно, а тоа е остварено со попусти и дисконти дадени за клиентите во вредност од дури 555 милиони денари (околу 9 милиони евра), покажува извештајот.

„Делта“ е холдинг од повеќе бизниси во сопственост на Мирослав Мишковиќ, милијардер кој долго време важеше за најбогат Србин. Можеби најбогатиот човек во регионов неодамна започна огромен проект кој ќе го носи името Ананас, а ќе биде пандан на Амазон и најголемата онлајн платформа на Балканот. Ананас е проект кој ќе чини 100 милиони евра. Делта Холдинг важи за една од најголемите компании која во последните 30 години има вкупен приход од 24 милјарди евра.

Јаневски како доминантен сопственик, во идниот период ќе ја раководи и менаџира винарската визба „Тиквеш“ се до изборот на нов генерален директор на компанијата. Оваа одлука ја донесе Управниот одбор на винарската визба во јуни откако директорската позиција по неколку години ја напушти Радош Вукиќевиќ.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА ПРЕСЕЧЕ, ТРГНУВА ВО КОНТРОЛА НА МЕДИЦИНСКИОТ КАНАБИС Фирмите имаат

10/02/2026
Македонија

Битолчани добија 81 денар за штети од земјотрес

10/02/2026
Македонија

Владата донесе мерки за спречување на нелегалното производство на медицински

10/02/2026
Македонија

Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЛОВЕЧКА ПУШКА ПРЕД АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА Полицијата

10/02/2026
Македонија

ВИДЕО Скопје ќе добие нов Луна парк – старите бесправни

10/02/2026
Македонија

Ќе се реши проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар „Мајка

10/02/2026
Македонија

На 2-ри март започнува судењето за девет полицајци обвинети за трегедијата

10/02/2026
Македонија

Судење „Онкологија“: Пациентка примила терапија која не требало да ја

10/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41299
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА ПРЕСЕЧЕ, ТРГНУВА ВО КОНТРОЛА НА МЕДИЦИНСКИОТ КАНАБИС Фирмите имаат рок од 45 дена да

10/02/2026

Сè со цел да се спречи индустриско нелегално производство на медицински канабис и пласман кон нелегалниот домашен и меѓународен пазар,

Битолчани добија 81 денар за штети од земјотрес

10/02/2026

Граѓаните на Битола со револт реагираат откако деновиве почнаа да стигнуваат првите парични надоместоци за штетите од земјотресите во јануари

Владата донесе мерки за спречување на нелегалното производство на медицински канабис и негов пласман на

10/02/2026

Владата на денешната 149. седница разгледа и донесе мерки за спречување на нелегално производство на медицински канабис и негов пласман

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy