Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Светата маченичка Гликерија чува од болести: На денешниот празник испочитувајте ги овие обичаи за здравје
Македонија

Светата маченичка Гликерија чува од болести: На денешниот празник испочитувајте ги овие обичаи за здравје

26/05/2025

AA

Светата маченичка Гликерија е ќерка на еден гувернер на Рим. По смртта на татко ѝ, осиромаши и се насели во Трајанопол во Тракија. 

Во времето на нечестивиот цар Антонин Гликерија беше изведена да му принесе жртва на идолот на Диј. Таа си нацрта крст на челото, па кога царскиот намесник ја запраша каде е нејзината лампада (зашто сите носеа лампади во рацете), Гликерија го покажа крстот на челото и рече: „Ова е мојата лампада“. На нејзината молитва гром удри во идолот и го искрши на парчиња. 

Намесникот се разгневи и нареди да ја бијат и да ја затворат. Ги запечати затворските врати, решен да ја убие со глад. Меѓутоа, на Гликерија ѝ се јавуваше Ангел Божји и ѝ даваше небесна храна. По извесно време, кога намесникот мислеше дека маченичката мора да умрела од глад, го отвори затворот и се зачуди кога ја виде здрава, светла и весела. Кога го виде ова чудо, стражарот Лаодикиј и самиот Го исповеда Господ Христос и веднаш беше заклан. 

По ова, Гликерија беше фрлена во огнена печка, но остана неповредена од огнот. Стоејќи насред огнот Го фалеше Бога, споменувајќи го чудото со Тројцата Младенци во Вавилонската печка. Најпосле беше фрлена пред лавови и откако Му се помоли, оваа света девица Му ја предаде својата душа на Господа, за Кого јуначки претрпе многубројни маки. Чесно пострада во 177 година. Од нејзините мошти потече целебно миро, кое исцелуваше болни од најтешки болести.

Во многу краеви од регионот, вообичаено е да не се подготвува или јаде месо на овој ден, бидејќи се верува дека со тоа се спречува болеста.

Денес, исто така, се избегнува да се запали оган во попладневните часови, а во селата не се ложат печки , ниту се палат свеќи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy