Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СУПЕРВЕШТАЧЕЊЕТО ЗА РОДИЛКАТА ОД ДЕБАР ФРЛА НОВИ СОМНЕЖИ Пропустите биле направени по извршениот царски рез?
Македонија

СУПЕРВЕШТАЧЕЊЕТО ЗА РОДИЛКАТА ОД ДЕБАР ФРЛА НОВИ СОМНЕЖИ Пропустите биле направени по извршениот царски рез?

19/11/2025

AA

Пропусти во постоперативниот период по извршениот царски рез на Јилдиз Веапоска, родилката од Дебар, на која по породувањето ѝ беа отстранети три органи – матка, јајник и бубрег, покажале резултатите од супервештачењето од судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје.

Одговорноста, според презентираниот извештај на денешното рочиште во Основниот суд во Струга, ја сноси докторот – хирург кој ја извел интервенцијата, во случајот првоосомничениот, гинекологот Мухамед Асани.

Од приложената пријава, односно обвинителен предлог, како што истакна пензионираната д-р Верица Попоска од Институтот на судска медицина и криминалистика, се гледало дека второобвинетиот д-р Блертон Асани во тек на извршување на хируршката интервенција бил специјализант и неможело да сноси одговорност за интервенцијата и евентуалните компликации пост интервенцијата. Одговорност за случајот не посочи ниту кај третообвинетата д-р Лилјана Јовановска, која не била работа во постоперативниот период.

Во вештачењето, како што рече д-р Попоска, било наведено дека по царскиот рез, на 27 август 2020 година на пациентката ѝ се влошила состојбата и направените анализи на крвта покажале намалување на вредностите.

– Пропусти се направени постоперстивно, не се превземени дијагностички мерки за да се открие што е причината за таквата состојба. Доколку се преземеле навремено дијагностички постапки за утврдување на причината на оваа состојба на пациентката би требало веднаш да се направи хируршката интервенција со цел да се стопира губитокот на крв. Со тоа би се избегнало енормното влошување на состојбата на пациентката на четвртиот постоперaтивен ден, изразено во вид на хемораличен шок. По утврдување на состојбата пациентката на четвртиот ден е внесена во сала и сè што е преземено е да и се спаси животот – појасни Попоска.

Според извештајот, на пациентката во Струшката болница во шокова состојба најпрво ѝ биле отстранети матката и левиот јајник, а потоа и левиот бубрег, по што била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје каде било констатирано дека сè уште губи крв и била направена нова хирушка интервенција на која и е подврзана левата бубрежна артерија.

Според тоа, како што додаде Попоска, пациентката сè уште била во опасност и доколку не била испратена во Скопје ќе завршела фатално.

Тројцата лекари кои го изготвиле супервештачењето посочија дека во досегашната кариера не се соочиле со таков случај.

На почетокот на рочиштето Јавната обвинителка Ермира Муса-Нура предложи измена во диспозитивот на обвинителниот предлог, по што одбраната на обвинетите побара време да ги разгледа измените. Обвинетите пак се изјаснија дека не го разбрале изменетиот обвинителен предлог и рекоа дека не биле на работа во постоперативниот период на родилката.

Судењето треба да продолжи в петок со сослушување на обвинетите и завршни зборови.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во

25/08/2026
Македонија

Вероника Консевиќ донесе бронза за Македонија на Медитеранските игри –

25/08/2026
Македонија

За една година 300 паралелки помалку: 14.500 првачиња ќе седнат

25/08/2026
Македонија

По објавата на 4news.mk исчезна профилот на кој малолетници објавуваа

25/08/2026
Македонија

8 активни пожари низ Македонија

25/08/2026
Македонија

Тетовец пријавил дека му го застрелале бикот со воздушна пушка

25/08/2026
Македонија

Се трага по 17-годишно девојче од Желино: Се слушнала со

25/08/2026
Македонија

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци – се

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45252
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во Кавадарци за да се сопре

25/08/2026

Пожарникарите од Кавадарци, поддржани од екипите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), продолжуваат со интензивните активности за целосно локализирање

Вероника Консевиќ донесе бронза за Македонија на Медитеранските игри – успехот го прослави со 11-месечното

25/08/2026

Македонската борачка Вероника Консевиќ оствари голем успех на Медитеранските игри, освојувајќи го бронзениот медал во категоријата слободен стил до 57

За една година 300 паралелки помалку: 14.500 првачиња ќе седнат во училишните клупи

25/08/2026

Една недела пред почетокот на новата учебна година, министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека во учебната 2026/2027

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy