Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судењето за предметот „Адитиви“ закажано за 29 мај
Магазин

Судењето за предметот „Адитиви“ закажано за 29 мај

16/05/2025

AA

На крајот на месецот ќе стартува судењето за случајот ,,Адитиви”, информираа од Кривичниот суд. Судењето ќе се оддржи во новата судница во затворот ,,Идризово”, која иако беше промовирана уште пред 4 години, досега стоеше неупотребена.

-Претседателот на советот, судијата Даниела Димовска, ја закажа главната расправа за предметот КОК бр.73/24 познат во јавноста како „Адитиви“ за 29.05.2025 година (четврток) во 10 часот.

Со оглед дека станува збор за предмет во кој има 37 обвинети лица, расправата ќе се одржи во судницата во рамките на Затвор Идризово, информираа од судот.

Меѓу обвинетите за овој случај се и двајца поранешни директори на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој се уште е во бегство и неговиот наследник Васко Стефанов.

Според обвинителството во период од месец април 2023 до месец август минатата година, дел од обвинетите во својство на службени лица создале група чија цел била вршење на кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело. Во меѓувреме со намера да прибават за себе или за друг имотна корист од поголеми размери или да предизвикаат штета од поголеми размери, дел од останатите обвинети станале припадници на оваа група. Тие договарајќи се со други можни учесници заради изигрување на постапката за доделување на договори за јавна набавка свесно ги повредиле прописите за постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство.

„Обвинетите управители и сопственици на правни лица откако организирале и извршиле пререгистрација на дејност на нивните правни субјекти, како економски оператори – учесници во постапки, меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј. На начин опишан во диспозитивот на Обвинителниот акт, овозможиле кривично одговорно правно лице да го добие Договорот за јавна набавка за набавка на адитиви против формирање на згура/троска при согорување на јаглен во котел, адитив RPT 601, за потребите на РЕК Битола и на РЕК Осломеј и притоа да се стекне со имотна корист од големи размери во вкупен износ од 397.636.400,00 денари“, пишува во соопштението од обвинителството.

Понатаму, со намера да го прикријат движењето на парите за кои знаеле дека се прибавени со кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно, дел од обвинетите припадници на злосторничкото здружение и дел од останатите обвинети примале пари, ги пуштале во оптек, извршувале пренос на паричните средства и подигнувале готовина во вкупен износ 414.776.400 денари

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42409
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен 35-годишник

12/04/2026

Маж од кратовско е лишен од слобода откако пукал со огнено оружје кон возило на лице од Куманово, при што

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy