Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Субвенции за поправка на покриви на куќи и згради и санација на лифтови
Македонија

Субвенции за поправка на покриви на куќи и згради и санација на лифтови

30/03/2023

AA

Согласно Програмата ГДО-Проекти за енергетска ефикасност, Општина Карпош денеска објави Јавен повик кој ги содржи правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на колективните станбени објекти (згради), како и замена на азбестни покриви на индивидуалните станбени објекти (куќи), на територија на локалната самоуправа. За таа цел, локалната самоуправа од својот Буџет за 2023 година обезбеди вкупно 3 милиони денари.

Корисници на субвенциите можат да бидат Заедниците на сопственици или Управители  на станбени згради, како и сопственици на индивидуални станбени објекти (куќи). Финансиската поддршка ќе се доделува по принципот прв дојден – прв услужен, а истата ќе трае до исцрпување на предвидените средства за таа намена.

Висината на субвенционирање се разликува во зависност од тоа дали станува збор за колективен или пак за индивидуален објект. Поточно, за зградите ќе бидат субвенционирани најмногу до 50% но не повеќе од 350.000 денари, од вкупниот износ на вредноста на поправката и санација на кровниот покривач за секоја одобрена апликација, врз основа на доставената најприфатлива понуда за материјали и работни позиции. За куќите, локалната самоуправа ќе субвенционира најмногу до 60% но не повеќе од 120.000 денари, од вкупниот износ на вредноста за замена на азбестниот покрив.

Во овој случај за станбените згради, апликантите треба да исполнат одредени услови и критериуми од кои првиот е да бидат регистрирани како Заедници на сопственици или со заедницата да управува правно лице – Управител. Доколку колективниот станбен објект има повеќе влезови и истите се регистрирани како посебни правни лица или имаат управител, потребно е секој влез (секое правно лице) засебно да достави доказ – решение од Централен регистар на РСМ. Во насока на докажување на сопственоста на апликантите, потребно е да се достави имотен лист (не постар од шест месеци), за секој стан засебно.

За индивидуалните станбени објекти (куќите), исто така апликантите треба да достават имотен лист (не постар од шест месеци), за земјиштето под индивидуалниот станбен објект, како и имотен лист за самиот индивидуален станбен објект, со кој ќе се потврди сопственоста на апликантите.

Јавниот повик содржи и посебни услови, кои треба да бидат целосно исполнети од страна на потенцијалните корисници за субвенционирање.

За колективните станбени објекти (зградите) ќе важи условот да бидат постари од 25 години, а доказот за старост на објектот се потврдува со Изјава заверена на нотар или со достава на копопродажен договор за стан. Заедницата на сопственици/Управител, треба да има донесено Одлука дека сопствениците на станови се согласни да се изврши поправка и санација на покривот (во прилог да достават список со потписи од 50% плус еден сопственик). Заедницата на сопственици/Управител треба да достават доказ дека имаат отворено сметка за резервен фонд, при што треба да имаат донесено и Одлука за избор на најповолна понуда за изведувач и надзор на изведбата за поправка и санација на кровен покривач.

За индивидуални станбени објекти (куќи), сопствениците треба да достават Изјава дека се согласни да извршат замена на постојниот азбестен покрив и дека се согласни да учествуваат со сопствени средства за дел од вкупниот износ за замена на кровен покривач. Исто така, сопственикот на куќата треба да достави Договор со изведувачот за замена на азбестниот покрив, како и имотен лист за земјиштето. Доколку површината на индивидуалниот објект е помала од 300м2, изведувачот на работите доставува Изјава заверена на нотар, дека работите се изведени согласно позитивните законски прописи и нормативи за тој вид на работа. Доколку површината на куќата е поголема од 300м2, сопственикот на објектот има обврска да достави до Комисијата, Договор за изведен надзор над изведбата за замена на азбестен покрив.

Процесот на евалуација на пристигнатите апликации ќе го утврдува 11 члена Комисија, која ќе врши увид во соодветноста на пристигнатата документација. Листата на потенцијалните корисници  ќе биде објавена на веб страницата на Општина Карпош и на огласната  табла на Општината, а дополнително ќе биде доставено и известување до секој апликант посебно, со соодветни податоци за постапката и насоки за евентуална понатамошна постапка. Сите апликанти имаат право по објавата на потенцијалните корисници на субвенцијата, да вршат увид во доставената документација и повлекување на истата.

СУБВЕНЦИИ ЗА САНАЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИ ЛИФТОВИ И ПОСТАВУВАЊЕ НА НОВИ ЛИФТОВИ

Со финансиски средства во висина од 4 милиони денари кои ги обезбеди од својот буџет, Општина Карпош од денеска започна акција за субвенционирање за  поправка и санација на постоечки лифтови и поставување на нови лифтови на станбени згради за колективно домување на своја територија. По тој повод Општината објави Јавен повик кој  ги содржи Правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за таа намена. Субвенциите ќе се доделуваат по принципот прв дојден – прв услужен, се до исцрпување на средствата. Висината на субвенциите ќе изнесува најмногу до 50%, но не повеќе од 500.000 денари од вкупниот износ на вредноста за поправка и/или санација на постоечкиот лифт или поставување на нов лифт.

Притоа, процесот ќе содржи услови и критериуми за субвенционирање и категоризација на згради. Имено, потенцијалните корисници на субвенцијата треба во целост да ги  исполнат општите услови според кои треба да се регистрирани како заедници на сопственици  или пак со заедницата да управува правно лице – Управител. Тие треба да достават и имотен лист (не постар од шест месеци) со кој се докажува сопственоста на станот. Како кусо појаснување – потребно е да се достави имотен лист  за секој стан засебно, со кој ќе се потврди сопственоста на апликантите (најмалку 50%  плус еден сопственик од сите станари во зградата).

Како посебни услови  кои треба да бидат целосно исполнети од страна на потенцијалните корисници на субвенции од овој вид, се вбројуваат предиспозициите дека станбените згради треба да бидат постари од 25 години и доказот за староста на објектот да биде потврден со Изјава на нотар или со достава на купопродажен договор за стан. Заедницата на сопственици треба да достави и доказ дека има отворено сметка за резервен фонд, да има донесено одлука за избор на најповолна понуда за изведувач и за надзор на изведба за поправка и санација на постоечки или поставување  на нов лифт.

Со оглед на тоа што процесот на субвенционирање се заснова врз начелата на објективност, транспарентност и ефикасност, Општина Карпош го објави јавниот повик во два дневни весници, а во електронска форма го постави на официјалната веб страница на Општината. Оттука општинските служби ќе истакнат и известувања во печатена форма, на сите јавни објекти во локалната самоуправа.

Процесот на евалуација на пристигнатите апликации ќе го утврдува 11 члена Комисија, која ќе врши увид во соодветноста на пристигнатата документација, по што ќе доставува и извештај за својата работа до градоначалникот на Општина Карпош. Листата на потенцијалните корисници на субвенции ќе биде објавена на веб страницата на Општина Карпош и на огласната  табла на Општината, а дополнително ќе биде доставено и известување до секој апликант посебно, со соодветни податоци за постапката и насоки за евентуална понатамошна постапка. Сите апликанти имаат право по објавата на потенцијалните корисници на субвенцијата, да вршат увид во доставената документација и повлекување на истата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Млада велешанка се породила, па си заминала од болница –

13/02/2026
Македонија

Кривична пријава за полицајка од Штип – се сретнала со

13/02/2026
Македонија

ЦВЕТА РИСТОВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА „Никогаш немав намера

13/02/2026
Македонија

Пад на температурите од утре: Ќе има врнежи од дожд,

13/02/2026
Македонија

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

13/02/2026
Македонија

Струга сè уште без вода за пиење: Матноста во изворот

13/02/2026
Македонија

ОДАНОЧУВАЊЕТО НА ПРАТКИТЕ ДО 22 ЕВРА ЈА ПРЕБУКИРА ПОШТАТА Он-лајн

13/02/2026
Македонија

Укинувањето на прагот од 22 евра го закочи поштенскиот сообраќај:

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Млада велешанка се породила, па си заминала од болница – бебето го оставила!

13/02/2026

СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање

Кривична пријава за полицајка од Штип – се сретнала со друга полицајка, насилно ја внела

13/02/2026

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против

ЦВЕТА РИСТОВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА „Никогаш немав намера да прикријам информација“

13/02/2026

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска денеска до претседателот на Собранието Африм Гаши поднесе оставка од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy