
Студено утро: -3 во Битола, од утре промена на времето
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-3 Битола, -2 Скопје-Петровец, Охрид, Струмица, Попова Шапка, -1 Берово, Дебар, Маврови Анови, Прилеп, Демир Капија, Гевгелија, 0 Скопје Зајчев Рид, Тетово, Претор, Крушево, Штип, 1 Крива Паланка, 2 Куманово, Дојран, 3 Виница.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Преку ноќта беше ведро со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утрово во крајните источни делови има умерено до значително наоблачување.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, поизразен во западните делови каде повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 17 степени.

