
Струга испадна од ЛШ, па „Билјанини Извори“ остануваат домашен терен!
Стружани ако го минеа Жалгирис и закажеа двомеч со турскиот гигант Галатасарај ќе мораше да се преселат во Скопје и на Националната Арена да го играат мечот од второто коло во ЛШ, но откако не успеаа во својата прва цел, сега против Будуќност нема потреба да го менуваат домашниот терен во Охрид, зашто за оваа фаза УЕФА дозволува да се игра и на стадион со послаба категорија.
Дуелот со црногорскиот првак кој се посрамоти уште во претквалификациите со поразот со 0-5 од Бреидаблик од Исланд, ќе се игра во среда од 17 часот во Охрид, а реваншот е една недела подоцна во Подгорица.

