Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТРАВ ВЛАДЕЕ ВО СЕЛАТА ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ Поради серискиот убиец некои жители ги напуштиле домовите
Македонија

СТРАВ ВЛАДЕЕ ВО СЕЛАТА ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ Поради серискиот убиец некои жители ги напуштиле домовите

24/02/2026

AA

Страв и неизвесност владее помеѓу населението во руралните места од општина Старо Нагоричане, откако полицијата уапси 25-годишен жител на село Малотино, осомничен за убиство на 78-годишна жителка на село Челопек.

Поради страв дел од семејствата си ги зеле повозрасните родители од неколкуте села од општината. Оние коишто останале се загрижени за својата безбедност. Повеќето го познаваат осомничениот, за кого кажуваат дека со велосипед се движел низ селат и го чувал добитокот.

– Стравуваме како не, сама си седам, ама сега ми е страв. Некои жени постари сите ги одведоа или ќерки, синови, или доаѓаат често. Се надеваме дека ќе биде побезбедно. Државата и институциите да направат нешто за да не се плашат жителите, инаку како ќе живееме. Секоја година сме сè постари и како ќе се одбраниш кога ќе ти дојде некој таков – изјави Добрица Јовановска, жителка на селото Челопек.

Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12 февруари, осомничениот влегол во домот на 78 годишната жена, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.

„Во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од село Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12 февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и ја задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото“, соопшти полицијата.

Жителите се вознемирени дека со него се поврзуваат и други случаи, слични како убиството во Драгоманце. Според информациите, се работи за 5 убиства на жени.

– Јас сум поранешен директор на училиштето, тој тука живее во близина на школото. Го чуваше добитокот. Ја познавам жртвата која потекнува од нашето село, тука како пензионерка си живееше. Навистина сме вознемирени, немавме вакви случаи, мора да се заклучуваме, да внимаваме – вели Владо Јакимовски, жител на селото.

За една од жртвите која е помлада жена беше дадена наредба за ексхумација и за обдукција. Изминатите неколку дена ОЈО Куманово и истражниот центар, МВР и екипите на Институтот за судска медицина обезбедиле докази кои укажуваат на поврзаност на овој настан со неколку други слични случаи во Старо Нагоричане.

„Заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во тие случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител. За една од потенцијалните жртви беше наредена ексхумација и обдукција, од телото на починатата жена се подигнати траги и ДНК кои се вештачат. Истражните органи работат на сложени вештачења и анализи, како и други дејствија за обезбедување докази, кои во моментов не можат да бидат споделени со јавноста поради тајноста на постапката“, соопшти Обвинителството пред неколку дена.

Обвинителството нареди и психијатриско вештачење на осомничениот од страна на тим вешти лица – форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Ние знаеме што значи да се биде бегалец“ – Урбановиќ:

24/02/2026
Македонија

Урбаноиќ за 4TV.mk: Украинците веќе четири години живеат со страв

24/02/2026
Македонија

Петровска: Поддршката за Украина одеше билатерално, ако не бевме членка

24/02/2026
Македонија

НАУТРО ЗИМА, ПРЕКУ ДЕН ПРОЛЕТ Следува стабилно и сончево време

24/02/2026
Македонија

Петровска: Проруските структури во Македонија вршеа хибридни напади за да

24/02/2026
Македонија

Полициска акција во Валандовско: Запленет еден тон марихуана!

24/02/2026
Македонија

Груби го чува полиција во куќен притвор, се проценило дека

24/02/2026
Македонија

СТРАВ ВЛАДЕЕ ВО СЕЛАТА ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ Поради серискиот убиец

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41886
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Ние знаеме што значи да се биде бегалец“ – Урбановиќ: Македонија покажа огромно срце, испратени

24/02/2026

Олександар Урбановиќ од здружението „Лесја Украинка“, во гостувањето на 4TV.mk по повод четиригодишнината од почетокот на војната во Украина, упати

Урбаноиќ за 4TV.mk: Украинците веќе четири години живеат со страв и храброст под гранати и

24/02/2026

Олександар Урбаноиќ од здружението „Леска Украинка“ во гостување на 4TV.mk, во емисијата „4 години од војната во Украина“, изјави дека

Петровска: Поддршката за Украина одеше билатерално, ако не бевме членка во НАТО немаше да спиеме

24/02/2026

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска во гостување на 4TV.mk, во емисијата „4 години од војната во Украина“, изјави дека

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy