
Страшно невреме во Делчево: Улиците под вода, поплавени над 10 објекти
Регионалниот ЦУК Делчево известува дека попладнево градот Делчево бил зафатен со големо невреме проследено со врнежи од дожд и град.
Според информациите од терен, поплавени се над 10 објекти.
Моментално интервенираат ТППЕ Делчево со 2 ПП возила и 5 пожарникари.
На терен се и субјектите од локалната самоуправа кои помагаат согласно пријавите за поплавени објекти, и според можностите.