Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Страшни податоци: Деца под петгодишна возраст користат дрога, Македонија без капацитет за лекување
Македонија

Страшни податоци: Деца под петгодишна возраст користат дрога, Македонија без капацитет за лекување

30/05/2025

AA

Во Македонија најмладото дете корисник на дрога е на возраст под пет години, откри денеска Васка Бајрамовска-Мустафа од Одделот за правата на децата при Народниот правобранител.

Според податоците од 30 институции кои ги обезбедил Омбудсманот преку Министерството за внатрешни работи, во 2023 година и првата половина од 2024 година евидентирани се 130 деца кои употребуваат дрога. Бајрамовска-Мустафа алармира дека возрасната граница на децата-корисници на дрога е драматично намалена, а државата не располага со ниту една специјализирана институција за лекување или рехабилитација.

Најчесто користени дроги меѓу децата се марихуана, амфетамини и екстази, а забележани се случаи и на кокаин и хероин.

Бајрамовска-Мустафа посочи и дека воспитно-поправните домови не обезбедуваат никаков соодветен третман за зависниците, кои се оставени сами на себе.

„Според информациите од Воспитно-поправниот дом Тетово во Волковија, таму има деца и младинци зависници од хероин, но домот нема капацитети за одвикнување. Персоналот не е обучен, па зависниците се принудени кризите да ги поминуваат преку спортски активности“, рече Бајрамовска-Мустафа.

Дополнителен проблем е што Домот за штитеници нема право да користи метадонска терапија, а не постојат јасни упатства за постапување за време на кризните состојби на децата.

Министерството за здравство, иако има судски пресуди кои го задолжуваат да овозможи соодветен третман и лекување за малолетните зависници, не ги почитува истите, со што, според Народниот правобранител, прави кривично дело.

„Министерството за здравство не ја спроведува пресудата П4 бр.884/21 од јануари 2022 година, со која е утврдена дискриминација и повреда на правата на децата кои користат психотропни супстанции“, предупреди Бајрамовска-Мустафа.

Во Македонија сè уште нема центри за рехабилитација, нема рано откривање на деца-корисници на дроги, а институциите не комуницираат меѓу себе и немаат прецизна статистика за овој загрижувачки феномен.

Истражувањето, кое го финансираше Европската Унија, треба да биде доставено до сите релевантни институции во земјата, со цел итно да се преземат соодветни мерки.

Интересно е дека според анализата, во 2023 година најголемиот број деца корисници на дрога биле Албанци, додека во 2024 година доминираат деца од македонска етничка припадност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy