Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Странските пензионери патуваат, а македонските се мачат да преживеат
Економија

Странските пензионери патуваат, а македонските се мачат да преживеат

16/08/2023

AA

Ако погледнеме статистички податоци од Евростат,
шведските пензионери најмногу патуваат, но слични навики имаат и пензионерите од Данска, Холандија, Франција, што не е случај со македонските пензионери кои
драстично помалку шетаат.

Се наведува дека луѓето над 65 години во Европа
практикуваат подолги патувања, затоа што по пензионирањето имаат слободно
време. Македонските пензионери обично патуваат организирано и тоа најчесто на
домашен терен.

„Ние имаме годишна програма за екскурзии, пролетни и
есенски. Пензионерите по симболична цена посетуваат места во Македонија,
манастири, излетнички места. Ние сме за зголемување на стандардот на
пензионерите, но тоа да биде реално, издржано и да се направи по институционален
пат“, вели Даница Петличкова, претседателка на Здружението на пензионери
Битола.

Од туристичките агенции објаснуваат дека македонските
пензионери за одмор обично ја бираат соседна Грција, дел Албанија, но тешко
можат да си дозволат посета на некои поскапи и поегзотични, подалечни
дестинации.

Сведоци сме дека и во македонските туристички центри исто
така доаѓаат странски групи со повозрасни граѓани кои ги истражуваат убавините
на земјава.

„Jaс
работам со Италијанци, Американци и Азијати, значи Тајванци, Јапонци и тоа се
луѓе на возраст од 60 па до 90 години. Патувањето е дел од нивниот начин на
живот, тие патуваат по двапати годишно, и да напоменам дека тоа не се богати
луѓе, туку во нивната земја припаѓаат на средна или сиромашна класа, но можат
да си дозволат да патуваат во поевтини земји како нашата и тоа не го сметаат за
луксуз. Доаѓаат во групи од по 30 луѓе, а многу од нив имаат и живи родители,
па се слушаат по телефон со нив, витални се. Богатите пензионери од нивните земји поседуваат вили
во Шпанија, Италија и си одат таму. Кај нас пензионерите се истрошени од работа и стресови“, вели Катерина Василеска, туристички водич од Охрид со 20 години
искуство зад себе.

Стевче Доневски, туристички водич од Кратово и сопственик
на Етно куќа Шанчева вели дека во август и септември има гости од странство и
тоа од повозрасната група. Според него, Холанѓаните доста патуваат во
пензионерските денови за да запознаат различни држави и култури.

„Имам гости кои остануваат по 2, 3, 4 или 5 дена и тоа се
повозрасни луѓе од Белгија, Полска, Чешка, Холандија. Сакаат да уживаат во
природата, уживаат во добро вино, мед, сирење, одат до Лесново, Куклица. Еден
Холанѓанин, кој по професија е музиколог и бил во Кратово пред 30 години, сега
пак е тука. Кај домашните туристи кога се организираат групи фали дисциплина и
ред, да има прецизна агенда“, рече Доневски.

Македонските пензионери бараат зголемување на пензиите,
за да имаат достоинствен живот. Тие протестираа и бараат линеарно зголемување од 3.500 денари на сите
пензии, како и продолжување на усогласување согласно новата методологија
воспоставена минатата година и одредување на минималната пензија во износ 80
отсто од минималната плата. Министерството
за труд и социјална политика(МТСП) ќе ги разгледа сите барања на пензионерите и заедно и во дијалог со
Сојузот на пензионери ќе ги креира понатамошните политики и мерки за
пензионерите со посебен акцент на оние со пониски пензии. Голем број македонски
пензионери месецот го поминуваат со помалку од 14.000 денари. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/onemtask

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОГОВОРОТ ЗА ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ Е ДОКАЗ ЗА ДИЈАЛОГ Над 11.000

11/02/2026
Македонија

ПРОДОЛЖУВА ОБЛАЧНОТО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ За викендот е најавено заладување

11/02/2026
Македонија

„СЈО БЕШЕ ВИСТИНСКО ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ“ Никола Груевски бара независна истрага

10/02/2026
Македонија

„НИШТО СТРАШНО, ШАРА СЕ ИЗВИШУВА“: Професорот Милевски смирува по земјотресот

10/02/2026
Македонија

„Силен потрес“: Што значи магнитуда од 5 степени? – Се

10/02/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,8 СТЕПЕНИ ГИ ВОЗНЕМИРИ ГРАЃАНИТЕ Епицентарот е на

10/02/2026
Македонија

Скопските сеизмолози со први информации за земјотресот: Во Тетово и

10/02/2026
Македонија

4,9 степени по Рихтер! Силен земјотрес почувствуван низ Македонија

10/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41311
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОГОВОРОТ ЗА ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ Е ДОКАЗ ЗА ДИЈАЛОГ Над 11.000 административци ќе добијат покачување

11/02/2026

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески во гостувањето на „Тема на денот“ на Сител телевизија, изјави дека Владата со

ПРОДОЛЖУВА ОБЛАЧНОТО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ За викендот е најавено заладување

11/02/2026

Времето во среда, 11 февруари, ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи

„СЈО БЕШЕ ВИСТИНСКО ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ“ Никола Груевски бара независна истрага за гревовите на екипата на

10/02/2026

СЈО беше вистинско „злосторничко здружение“, тврди поранешниот премиер Никола Груевски, повикувајќи се на исказите на поранешната обвинителка Лејла Кадриу во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy