Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Страдаат од анксиозност“, Таравари со дијагноза за доскорешните сопартијци кои одлучија да останат со Владата
Македонија

„Страдаат од анксиозност“, Таравари со дијагноза за доскорешните сопартијци кои одлучија да останат со Владата

25/05/2025

AA

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, со нова порака до јавноста по денешната прес-конференција на Арбен Фетаи и неговата група, која брои помалку од 40 луѓе, според официјални партиски извори. Иако не ги спомена по име, Таравари индиректно одговори на иницијативата за фракционирање во редовите на партијата.

„Анксиозноста е најлошото чувство кое човек го доживува… особено кога е измешано со чувство на вина“, напиша Таравари на социјалните мрежи, алудирајќи на емоционалната состојба на оние кои, според него, одлучиле да дејствуваат надвор од волјата на членството.

Лидерот на Алијансата ја искористи оваа прилика и да ја засили мотивацијата меѓу своите поддржувачи, упатувајќи порака за претстојните избори:

„Продолжуваме помирно и посигурно од кога било кон октомвриската победа која е блиску… многу блиску!“

Оваа реакција доаѓа по најавите за евентуално ново политичко делување од страна на поранешни функционери и членови, кои тврдат дека вистинскиот дух на Алијансата е компромитиран. Таравари, пак, сигнализира цврста контрола врз партиските процеси и уверување дека членството останува лојално на официјалниот правец и заложбите во рамки на коалицијата ВЛЕН.

Партијата, како што велат од раководството, веќе ги зајакнува редовите за кампањата што следува, со цел да ја капитализира поддршката која ја доби по парламентарните избори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44912
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе ги поврзе Големото Езеро и

08/08/2026

Стариот земјен пат на Пелистер, кој потекнува од периодот на Првата светска војна, треба повторно да биде ставен во функција

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП бара итно поставување м-таг на

08/08/2026

Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите сообраќајни метежи и колони на патиштата низ државата, побара итно поставување на М-ТАГ уреди

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026

Денеска се навршуваат 25 години од заседата на армискиот конвој кај Карпалак во која убиени беа десет припадници на Армијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy