Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стопен сунѓер и крв биле најдени на јакната на Андреј од ДНК
Македонија

Стопен сунѓер и крв биле најдени на јакната на Андреј од ДНК

06/05/2026

AA

Во судскиот процес за трагичниот пожар во дивата дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 млади лица, Јавното обвинителство денеска презентираше нови наоди од увидот на местото на настанот.

Според обвинителството, во објектот биле затекнати бројни горливи изолациони материјали, меѓу кои стиропор, первол, гипс картон и дрвени елементи, кои значително придонеле за брзото ширење на пожарот.

Пред Судот беше прикажан фотоалбум составен од 92 фотографии, како дел од материјалните докази, кои детално ја прикажуваат затекнатата состојба по настанот. На фотографиите се гледа внатрешноста на опожарениот објект, поставеноста на бината, димензиите на влезовите, како и решетките на малите прозорци од тоалетите.

Обвинителството посочи дека биле пронајдени и три празни противпожарни апарати, што укажува на недоволна подготвеност за справување со пожар.

Над бината, како што беше наведено, имало метални конструкции и конзоли поставени на мала висина, при што растојанието од бината до плафонот изнесувало околу 2,7 метри.

Исто така, беше презентирана и неоштетена пиротехничка фонтана, чија техничка спецификација укажувала дека дометот на прскање бил поголем од растојанието помеѓу бината и плафонот.

Од обвинителството беше истакнато дека во објектот биле присутни ограничувачки и небезбедни услови за евакуација, меѓу кои преградна двокрилна врата, алуминиумска врата, како и странична врата без рачка, со заклучена брава, метални алки и катанец во заклучена положба, што дополнително го отежнало излегувањето на присутните.

Во записникот е наведено дека пожарот настанал како последица на употреба на пиротехнички средства од страна на групата ДНК.

Посебен дел од доказите се однесува и на внатрешните материјали во објектот. Според обвинителството, сунѓерот во клубот бил набавен непосредно пред почетокот со работа во 2012 година и бил горлив материјал кој при согорување создава жешки капки.

Според вештачењето на микротраги, вакви траги биле пронајдени и кај дел од починатите лица, меѓу кои и кај пејачот Андреја Ѓорѓиевски. На неговата јакна, како што беше наведено, биле констатирани капки крв поврзани со дејството на овој материјал.

Денешното изведување на докази следува по тензичниот почеток на рочиштето, при што одбраната ги оспори дел од вештачењата на Институтот за судска медицина и побара нивно изземање. Судот ги одби тие барања како неосновани, а доказната постапка продолжува.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45332
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy