Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА: Се огласија по повод понудената цена на акциите
Економија

СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА: Се огласија по повод понудената цена на акциите

13/09/2024

AA

На барање на Комисијата за хартии од вредност примено во
Стопанска банка АД Битола на 13.09.2024 година (арх. Бр. 02-10978/1 од
13.09.2024) за произнесување по објавени написи во медиуми, врз основа на Член
21 став 3 од Законот за преземање на акционерски друштва, а во врска со
изнесените изјави (во електронските медиуми на 12.09.2024 година) од страна на
акционерот Пелистерка АД Скопје, Управниот одбор ја известува јавноста за
следното:

Во врска со Понудата за преземање и Проспектот за
преземање на акции издадени од Стопанска банка А.Д. Битола објавени од страна
на преземачот Комерцијална банка АД Скопје на 26.08.2024 година за преземање се
сите 390.977 обични акции со право на глас издадени од страна на Стопанска
банка A.Д. Битола со ИСИН број: MKSBTB101013 по понудена цена за откуп на 1
(една) обична акција со право на глас во износ од 3.200 денари по акција,
Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола согласно член 21 став 4 од Законот
за превземање на акционерски друштва на 04.09.2024 година јавно го објави
своето Мислење во врска со понудата за преземање издадена од Комерцијална банка
АД Скопје а истовремено го објави и мислењето на вработените во Стопанска банка
АД Битола.

Во своето Мислење Управниот одбор наведе дека во врска со условите утврдени во Понудата за преземање и Проспектот за
преземање на акции издадени од Стопанска банка А.Д. (цена, рок, праг на
успешност итн.) не се водени преговори помеѓу Управниот одбор на банката и
Преземачот.

Понудената цена за една обична акција од 3.200 денари е над
номиналната цена на акцијата од 3.000 денари и е значително над просечната цена
од 2.740,21 денари остварена со тргување на акциите издадени на Македонската
берза на хартии од вредност во последните 12 месеци пред известувањето за
намерата за преземање.

Последните ревидирани финансиски извештаи на Стопанска банка А.Д.
Битола се за деловната 2023 година. Ревизијата на финансиските извештаи ја
изврши БДО ДОО Скопје. Согласно мислењето на ревизорот, ревидираните финансиски
извештаи за 2023 година реално и објективно ја прикажуваат финансиската
состојба на Стопанска банка А.Д. Битола, како и нејзината финансиска успешност
и нејзиниот паричен тек за 2023 година, во согласност со регулативата на
Народна банка на Република Северна Македонија.

Книговодствената вредност на обичните акции издадени од Стопанска
банка А.Д. Битола пресметана врз основа на ревидираните финансиски извештаи за
2023 година изнесува 4.326,76 денари.

Со состојба на 31.12.2023 година вкупниот капитал и резерви изнесуваат
1.691.663 илјади денари.

Одлука за исплата на дивиденда носи највисокиот орган – Собранието на
акционери на банката. Во изминатите десетина години Собранието на акционери на
банката нема донесено одлука за исплата на дивиденда бидејќи е водена политика
на јакнење на банката согласно законските и регулаторни барања а со цел
одржување на стабилноста и сигурноста на банката и нејзините депоненти. 

Акционерот Пелистерка АД Скопје е квалификуван акционер кој заедно со
поврзаниот субјект Тимох ДОО Скопје поседува 21,85% од акциите со право на глас
во Стопанска банка а.д. Битола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БАЈРАМИ ИНИЦИРАЛ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА „Ново ВЛТ“, „Мегавин.мк“

02/10/2026
Македонија

НАПАДНАЛА 81-ГОДИШНИК ВО ДОМОТ И МУ ЗЕЛА ПАРИ Полицијата приведе

02/10/2026
Македонија

КРЕНАЛ БЕТОНСКИ ЅИДОВИ ПОКРАЈ ДЕБАРСКО ЕЗЕРО!? Кривична пријава за узурпација

02/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Е ТЕХНОЛОГИЈА НА СЕГАШНОСТА, А НЕ НА ИДНИНАТА

02/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА

02/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ВО СПЕЦИФИЧНА ПСИХОЛОШКА СОСТОЈБА, МУ ТРЕБА СТРУЧНА ПОМОШ

02/10/2026
Македонија

БОЛЕДУВАЊАТА НЕ СЕ КРАТАТ, ТУКУ ИМ СЕ ОЛЕСНУВА РАБОТАТА НА

02/10/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (3) Македонија е

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45938
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БАЈРАМИ ИНИЦИРАЛ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА „Ново ВЛТ“, „Мегавин.мк“ и самостојни електронски игри биле

02/10/2026

Нови проекти за развој на АД „Државна лотарија“, вклучително и формирањето на „Ново ВЛТ“, интернет-платформата „Мегавин.мк“ и иницијативата за самостојно

НАПАДНАЛА 81-ГОДИШНИК ВО ДОМОТ И МУ ЗЕЛА ПАРИ Полицијата приведе 40-годишна жена за разбојништво

02/10/2026

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.О. (40) од струшкото село Октиси поради сомнение дека сторила кривично дело „разбојничка кражба“.

КРЕНАЛ БЕТОНСКИ ЅИДОВИ ПОКРАЈ ДЕБАРСКО ЕЗЕРО!? Кривична пријава за узурпација на државно земјиште

02/10/2026

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Д. (76) од дебарското село Горно Косоврасти поради сомнение дека сторил кривично дело „узурпација

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy