Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стоматолозите може да аплицираат за лиценци
Македонија

Стоматолозите може да аплицираат за лиценци

12/08/2025

AA

Стоматолозите од денеска може да аплицираат за лиценци во Министерството за здравство и дека рокот за добивање ќе биде ист како и досега, можеби и побрз – соопшти министерот здравство.

Според него, одлуката за одземање на ингеренциите е правилна и навремена зашто во спротивно за еден месец земјава ќе имала многу стоматолози без лиценци.

„Од денес, ве информирам дека сите апликации за лиценци може да се поднесуваат кај нас. Секторот за стоматологија ќе ги потпишува одлуките, покрај дневните обврски што ги имаат, сега ќе бидат задолжени заедно со вработените во Комората да ги процесираат сите барања на стоматолозите. Нема да има застои, ќе има само ред и закон.“, вели Азир Алиу.

Министерството за здравство ги презеде и обуките за стоматолозите, кои ќе се организираат преку Стоматолошкиот факултет во Скопје и Стоматолошкиот факултет во Тетово во хибридна форма. Алиу изјави дека овие два јавни факултети ќе ги спроведуваат обуките во своите простории и онлајн.

„Она што го потпишав, го направив врз основа на документи и факти. Имав состанок уште еднаш, ве информирам дека одржавме 2-3 средби, покрај со работната група на Комората, се сретнав и со директорот. Ја ценам и стојам зад мојата одлука и потпис.“, вели Азир Алиу.

Прекинот на надлежностите на Стоматолошката комора доаѓа поради, како што велат од Министерството, индиции за финансиски манипулации преку здруженија кои тие ги сметаат за нелегитимни, а кои организирале обуки за стоматолозите. Но, овие тврдења вчера беа демантирани од претседателот на Комората, Маријан Денковски, кој апелира до надлежните органи да го испитаат случајот, бидејќи, според него, досега ниту една контрола не утврдила неправилности. Освен Финансиската полиција, се очекува и Јавното обвинителство да ги разгледа сомнителните елементи според Министерството за здравство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy