Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат на долг
Македонија

Мицкоски: Подобро на краток рок да ја платиме политичката цена, отколку граѓаните да ја плаќаат на долг

12/08/2025

AA

Владата подготвува пакет мерки за зауздување на инфлацијата – чекори кои, според премиерот Христијан Мицкоски, краткорочно ќе бидат болни за граѓаните, но на долг рок ќе придонесат за стабилизирање на цените. Тој призна дека мерките ќе имаат политичка цена за Владата, но смета дека е подобро таа да се плати сега, отколку граѓаните да трпат со години.

„Свесни сме каде е проблемот и дека тоа ќе има политичка цена, но подобро е краткорочно да ја платиме ние, отколку граѓаните да ја плаќаат постојано на долг рок,“ изјави Мицкоски.

Економските експерти предупредуваат дека мерките за борба против инфлацијата не треба да вклучуваат замрзнување на цените и маржите, бидејќи тоа предизвикува таканаречен „јо-јо“ ефект – по привремено намалување, цените се враќаат на претходното ниво или се зголемуваат.

Дел од економистите со кои разговара ТВ21 објаснуваат дека јулската инфлација од 4,8% годишно не е поттикната од цените на храната, туку од други фактори, како растот на базичната инфлација во која спаѓаат услугите (транспорт, угостителство, туризам), а храната и енергенсите се исклучени.

Вчера, премиерот истакна дека зголемувањето на платите и пензиите е еден од факторите за раст на инфлацијата. СДСМ го оспори ова тврдење.

„Цените растат затоа што нема стратегија за економска стабилност, затоа што се толерираат монополи и шпекулативни маржи, и затоа што зависиме од увоз за основни добра. Обидот да се префрли вината врз работниците и пензионерите е политички срамен,“ изјави Фатмир Битиќи од СДСМ.

Од Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс Тинк“ пак сметаат дека повисоките плати и пензии ја зголемиле личната потрошувачка, што исто така придонесува за зголемување на инфлацијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy