Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Столтенберг го предупреди Пекинг да не ја снабдува Москва со смртоносно оружје
Македонија

Столтенберг го предупреди Пекинг да не ја снабдува Москва со смртоносно оружје

21/03/2023

AA

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска го предупреди Пекинг да не ја снабдува Москва со смртоносно оружје, додека лидерите на Русија и Кина разговараат во Москва.

– Не видовме никакви докази дека Кина и доставува смртоносно оружје на Русија, но видовме некои знаци дека тоа е барање на Русија и оти тоа е прашање кое кинеските власти го разгледуваат во Пекинг, рече Столтенберг на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел.

– Кина не треба да обезбедува смртоносна помош за Русија, тоа би значело поддршка на нелегална војна, додаде тој.

Рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг денеска почнаа разговори во Кремљ, на самит специјално посветен на конфликтот во Украина и сè поблиските билатерални односи меѓу Пекинг и Москва. Вчера веќе имаа „неформална“ средба која траеше повеќе од четири часа.

Столтенберг на прес-конференцијата рече и дека седум од 30-те земји на НАТО ја исполниле минатогодишната цел да издвојат два отсто од БДП за одбрана, повикувајќи ги сојузниците побрзо да ги зајакнат одбранбените инвестиции.

Тој не спомна за кои земји станува збор, но ги упати новинарите на годишниот извештај на НАТО, објавен денеска.

– Нема сомнеж дека мораме да направиме повеќе и мораме да го направиме тоа побрзо. Темпото што го имаме кога станува збор за зголемување на трошоците за одбрана не е доволно високо, рече Столтенберг. „Во поопасен свет, мора да инвестираме повеќе во одбраната“, додаде тој.

На самитот во Велс во 2014 година, лидерите на НАТО се согласија дека во рок од десет години ќе трошат најмалку два отсто од својот БДП за одбрана.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy