
СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите
Железничкиот
превоз во Македонија се покажа како најголем губитник во последниве години. Превозот
на стока со нашите возови не е само преполовен, туку и скоро и да го нема.
Бројките кои ги објави Државниот завод за статистика во нивната последна
анализа покажуваат дека со вагоните, наместо раст имаме се помалку превезена
стока, при што минатата година е една од најлошите во изминативе дваесет
години.
Имено во
далечната 2000 година со железницата биле превезени 3.231.000 тони стока. Веќе во 2003 количините
се намалиле на 2.390.000 тони. Потоа следувале и години на раст на превозот на стоки по
домашните пруги, но од 2009 година наваму се забележува постојано намалување на
превезените количини на стока.
Во текот на
минатата година биле превезени само 817.000 тони стока, што е тројно помалку.
Што се однесува
пак до другите типови на превоз на стока, како што се воздухопловниот и патниот,
таму се забележуваат сосема поразлични тенденции.
Имено и кај
воздухопловниот и кај патниот превоз има раст на превезените количини стока.
Имено во авионскиот превоз количините скоро се дуплирале во споредба со
периодот пред дваесет години. Така на пример во 2003 година со авионите биле
пренесени 1.802 тони стока, додека во 2023 биле превезени 2.540 тони. Една од најуспешните години во превозот
на стока била 2014 година кога биле пренесени 3.428 тони.
Слична е и
состојбата со патниот превоз, каде превезените количини се зголемиле двојно
повеќе. Од некогашните 22.751.000 тони во 2003 година, лани биле превезени дури
68.108.000 тони. Претходната,
или 2022 година била една од поуспешните години за патниот превоз кога била
пренесена стока во 74.639.000 тони.
П.О.