
Стојчевски ново име во Брегалница, Ѓорѓиев му се приклучи на тимот
Стојчевски е фудбалер за врска, кој треба да ја пополни позицијата на дефанзивен играч од средниот ред, а станува збор за 24-годишен фудбалер кој соевремено важеше за еден од најголемите таленти на Вардар.
Инаку има настапи за Металург, Македонија ЃП, Работнички и Ренова, а има и кратко интернационално искуство играјќи во Грузија.
Штипјани летово се засилија со два голмани, Кире Новаков и Мартин Давков, дојде екс-младнскиот репрезентативец Ване Јованов, како и три егзотични засилувања од Карибите, Јамајканецот Колин Андерсон, Костариканецот Фабрицио Венегас, како и Панамецот Џамал Дикенс.