Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТИГНА ПОТВРДАТА ЗА УПОРНОСТА НА КОМОРАТА: Oд идеја до реализација, низ бројки и факти
Економија

СТИГНА ПОТВРДАТА ЗА УПОРНОСТА НА КОМОРАТА: Oд идеја до реализација, низ бројки и факти

07/07/2023

AA

Изминатата
недела беа објавени резултатите од првиот рок на уписите на учениците во
средното образование кои покажаа дека речиси, две третини, се запишале во
стручното образование, односно, од вкупно 15.481 запишани
 ученици во учебната 2023/2024 година, 10.277 ученици или 66,4 %  во стручно образование, додека 4.603 ученици
или 29,7%, во гимназиско образование. Мал процент, околу 3,8%, отпаѓа на
ученици запишани во уметничкото образование и спортската гимназија. 

Овој
факт е реална потврда за напорите што ги прави Стопанската комора сите овие
години во процесот на афирмирање и имплементирање на дуалното образование и
истакнување на потребата од зголемување на бројот на ученици кои завршуваат
средно стручно образование и нивно вработување по завршувањето.

Како
најголема бизнис организација која будно ги следи и анализира потребите од
адекватен стручен кадар со години наназад, 
укажуваме дека не постои усогласување на побарувачката на работна сила
на пазарот на труд и понудата на стручни вештини и компетенции од страна на
образовните институции. Уште од 2007 година, претседателот на Стопанската
комора, Бранко Азески, укажува дека образовниот и бизнис секторот не смеат да
бидат два одвоени света, туку образованието мора да ги следи потребите и
трендовите на економијата и затоа се потребни реформски зафати за подобрување
на квалитетот во образованието за може да испорачува кадри потковани со добро
знаење и вештини, кадри кои ќе бидат компатибилни на пазарот на трудот, а
најефикасна реформа за обезбедување стручен кадар е воведување на дуалното
образование со нов пристап во наставата и ориентираност кон вештините и
компетенциите, поткрепени со практичната обука на реално работно место.  Во 2007 година, за првпат почнавме да го
промовираме дуалното образование, во 2016 почнавме да спроведуваме активности
за негова реализација, а веќе во 2017 година, со една наша членка, компанијата
ЕВН Македонија, АД, започна реализацијата на пилот проектот за дуалното
образование кое ги даде и првите резултати: подготовка на учениците според
потребите на компанијата и вработување на учениците во компанијата по нивното
завршување.

Активностите
се интензивираа во 2019 година, со доаѓањето на м-р Наташа Јаневска од
министерството за образование и наука во Комората, најпрво, преку барањето за
системско уредување на дуалното образование и нов закон за стручно образование
и обука и со подигање на свеста на бизнис заедницата за вклучување во процесот
на стручното образование преку креирање на уписни политики, осовременување на
наставните програми и реализација на практичната настава. А таргетот што го
постави Комората за упис на ученици во стручното образование беше 70%.

И
резултатот е видлив:

Зголемена бројка на компании вклучени во
стручното образование, од 11 компании во учебната 2019/2020 година, на 500
компании во учебната 2022/2023 година, со тенденција бројот да расте.

Зголемена бројка на ученици во стручното
образование, од 10.961
ученик или 64% во учебната 2020/2021 година, на 11.446 ученици или 69% во учебната 2022/2023 година.

Зголемена бројка на стручни училишта вклучени
во дуалното образование, од 7 училишта во учебната 2019/2020 година, на 61
средно стручно училиште во учебната 2022/2023 година.

Нашите активности се насочени и кон финансиска
поддршка на стручното образование и обука.

Комората и Коморскиот
инвестициски форум на 6-те земји од Западен Балкан, преку Германската банка
за инвестиции (KFW), обезбедија финансиски средства за модернизација со
машини и опрема во висина од  150.000
до 600.000 евра  на конзорциуми
составени од училишта/факултети и компании за реализација на дуалниот модел
на образование. На првиот повик се обезбедени 3,4 милиони евра за 8
конзорциуми (7 стручни училишта и 1 факултет, кои имаат потпишано договор со
29 компании), а на вториот повик се обезбедени 2,72 милиони евра за 6
конзорциуми од нашата земја (37 компании со 4 стручни училишта и 2
високообразовни институции)

Ваквите резултати ни даваат уште поголем мотив
да продолжиме со нашето работење, а фокусот е ставен подигање на квалитетот на
реализација на практичната обука.

Служба за информирање

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на

16/02/2026
Македонија

„На маса не нè слушаат, па затоа ќе нè слушаат

16/02/2026
Македонија

Девојка насилно внесена во возило кај Бит Пазар и истепана

16/02/2026
Македонија

БИТОЛСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ НА ПОМОШ ВО КИЧЕВО: Испратени екипи и опрема

16/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО НИЗ ПОЛОГ: Поплавени куќи, падна потпорен ѕид врз куќа,

16/02/2026
Македонија

ПАДНА ПОТПОРЕН ЅИД ВРЗ КУЌА ВО ТЕТОВО, ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА

16/02/2026
Македонија

Скопјанец ги нападнал мајка му и сопругата, користел и остар

16/02/2026
Македонија

Црвен крст на терен, во Кичево штета има во 362

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41525
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на помалку од 1 метар од

16/02/2026

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во селото Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка

„На маса не нè слушаат, па затоа ќе нè слушаат од улица“: ССМ утре ја

16/02/2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) утре во 11 часот ќе ги блокира сите влезови на Владата. Ова е последната

Девојка насилно внесена во возило кај Бит Пазар и истепана од поранешниот партнер!

16/02/2026

На 15.02.2026 во 23:05 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријави дека oколу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy