
СТАТИСТИКА ИЗМЕРИ НОВ РАСТ КАЈ ТУРИСТИТЕ ВО ЗЕМЈАВА: Пораснал и бројот на ноќевања, еве ги деталите
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2023 година изнесува 124.800, од кои 27,9 отсто се домашни туристи, а 72,1 процент се странски туристи.
– Бројот на ноќевањата во септември 2023 година изнесува 256.831, од кои 34,3 отсто се од домашните туристи, а 65,7 проценти од странските туристи.
Во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 21,8 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0,5 проценти, а кај странските има зголемување за 40,3 отсто – се посочува во последниот извештај на Државниот завод за статистика.
Како што наведува ДЗС во соопштението, во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевања е зголемен за 10,2 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,5 проценти, а кај странските има зголемување за 24,7 отсто.
