Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стартуваше велосипедската полициска патрола во Охрид
Македонија

Стартуваше велосипедската полициска патрола во Охрид

01/08/2023

AA

Од денеска СВР Охрид, во редовната полициска работа низ градот и туристичките населби во околината, ја воведе велосипедската полициска патрола. Униформирани полициски службеници на велосипед се вклучија во редовните превентивни, но и репресивни делувања на терен, пред сѐ, за одржување на јавниот ред и мир, како и активности за спречување кражби и други кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на разни кривични дела по плажите и паркинзите, како и во централното градско подрачје.

Велосипедската полиција е современа форма на полициското работење што треба да обезбеди поблизок контакт, односно посилно партнерство со граѓаните, како и нова содржина во превентивното делување, со што кај јавноста треба да се подигне степенот на меѓусебна доверба и позитивна перцепција за полицијата како јавен сервис во служба на граѓаните. Таа е и начин за поголема мобилност на полициската служба, посебно во летните месеци кога има зголемена фреквенција на сообраќајниците во Охрид, можност за побрзо пристигнување на местото на настанот каде има нарушување на јавниот ред и мир или имотен деликт, посебно во централното градско подрачје, откривање и пронаоѓање на сторителите на кривични дела или одржување на јавниот ред и мир, како и укажување помош и заштита на граѓаните и поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски работи утврдени со закон. Велосипедската полициска патрола во Охрид, за првпат стартуваше во 2008 година, откако припадниците поминаа низ посебна обука, реализирана од инструктор со сертификат за посебни техники на полициско велосипедско патролирање, претходно обучен од американски полициски обучувачи за полициско патролирање на велосипед. Овој начин на патролирање значително придонесува за подигање на степенот на севкупната безбедност во Охрид, особено во летните месеци.

Покрај другото, патролата претставува посебна туристичка атракција која со воодушевување е прифатена од охриѓани и од туристите. Патролата е редовно присутна и во обезбедување на музички и спортски манифестации што во летниот период се одржуваат во Охрид. Покрај позитивното делување за поблизок контакт со граѓаните, посебно со младите, патролата го афирмира велосипедизмот како спортска дисциплина, ја промовира грижата за здрав начин на живот и го надоградува позитивниот имиџ на полицијата во јавноста. Секако, тука е и значителната економска оправданост од постоењето и работата на велосипедската полициска патрола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
Македонија

Македонија не сака да ги чепка штедачите – данокот на

15/02/2026
Македонија

🎥 ЕВАКУИРАНИ 180 ЛУЃЕ ВО КИЧЕВСКО Мајка со две деца

15/02/2026
Македонија

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ДОЖДОТ: Евакуирани 180 кичевчани, драма во Гостивар

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41495
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА ФИРМАТА ОД КОЈА БЕА ЗАПЛЕНЕТИ

15/02/2026

Фирмата „ЦБД Медплант“ ДОО од селото Борисово на Тони Котев, на која ѝ беа запленети 30 тони дрога, во 2020

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо да избегаат, ги нападнале чуварите

15/02/2026

Три лица со коњска кола влегле во круг на фабрика во Ѓорче Петров, а откако биле забележани и предупредени од

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен – Украинскиот претседател се жали

15/02/2026

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Додека Мицкоски ја

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy