Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТАРИ ИЗВЕШТАИ, НОВИ ГЛАВОБОЛКИ – Водостопанство 2021 година ја завршил со загуба од половина милион евра
Економија

СТАРИ ИЗВЕШТАИ, НОВИ ГЛАВОБОЛКИ – Водостопанство 2021 година ја завршил со загуба од половина милион евра

02/02/2023

AA

Големиот државен загубар водостопанство во 2021 година работел со сериозни загуби, и на крајот на годината покажал негативен финансиски резултат од близу половиина милион евра, или поточно 457 илјади евра.

Ова го покажува финансискиот извештај за Водостопанство, кое е акционерско друштво во државна сопственост, и кое своевремено беше формирано обединувајќи ги сите регионални водостопанства, со цел да се контролира нивното лошо работење и големите загуби во кои влегуваа.

Но, тоа се покажа како сосема неуспешен модел, а Водостопанство продолжи да тоне во загуби и лани, за што имаше и серија протести од вработените, на кои им се доцнеше со исплата на платите. 

АД Водостопанство има обврска да ги објавува своите финансиски извештаи на Берзата, но тоа го направи со големо задоцнување, така што дури на почетокот на 2023 година се објавуваат финансиските извештаи за 2021 година. 

А, според податоците од Министерството за финансии, пак, Водостопанство продолжило со загуби ни во текот на годинава, така што на крајот на вториот квартал лани неговите загуби беа на сума од околу два милиони евра. 

Според информации кои веќе ги објавивме, Владата лани му префрлила на АД Водостопанство 110 милиони денари, непосредно пред Нова година. Тоа е сума од 1,8 милиони евра. Треба да се знае дека на крајот на септември ова претпријатие за наводнување веќе еднаш доби 100 милиони денари од Владата, покажува платформата „Отворени финансии“. Владата во тоа време донесе заклучок со кој ги задолжи членовите на Управниот одбор во наредните 12 месеци да ги намалат своите надоместоци за 50 отсто.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 8 часот утрово највисоката утринска температура е измерена во Кавадарци, каде што живата

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока на македонско-косовската граница

01/08/2026

Тројца мажи се лишени од слобода, а одземени се две возила и криумчарена стока во акција спроведена на македонско-косовската граница.

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се чека до два часа

01/08/2026

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Автомото сојуз на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy