Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТАРЕЕЊЕТО И ИСЕЛУВАЊЕТО ЈА РАЗНИШААТ СТАБИЛНОСТА Мемов бара инвестициски промени и нови мерки за Фондот
Македонија

СТАРЕЕЊЕТО И ИСЕЛУВАЊЕТО ЈА РАЗНИШААТ СТАБИЛНОСТА Мемов бара инвестициски промени и нови мерки за Фондот

12/11/2025

AA

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ), Никола Мемов, учествуваше на меѓународната конференција „Одржлив пензиски систем – две децении прогрес“, во организација на Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови на Северна Македонија.

Во своето излагање, Мемов посочи дека реформата на пензискиот систем придонела за подобрување на состојбите, но дека и понатаму постојат сериозни предизвици, меѓу кои најголем е дефицитот во буџетот на Фондот.

– Овој дефицит се провлекува со години и е резултат на повеќе фактори – недоволен број осигуреници во однос на пензионерите, издвојувањата од придонесот за вториот столб, како и покривањето на придонесите за здравствено осигурување на пензионерите, што паѓа на товар на Фондот – изјави Мемов.

Мемов предупреди дека стареењето на населението и иселувањето на младите дополнително ќе влијаат врз одржливоста на пензискиот систем во наредниот период.

Тој нагласи дека економскиот раст и отворањето на нови работни места се првата и основна мерка за консолидација на системот, бидејќи стабилноста на пензискиот фонд е директно зависна од пошироката економија.

– Невозможно е да се консолидира само пензискиот систем без да се земе предвид целокупната економска и институционална рамка. Државата функционира на неколку столбови, политички, безбедносен, економски и пензиски, и сите тие се меѓусебно поврзани – објасни Мемов.

Како втора мерка за консолидација, Мемов го предложи зголемувањето на реалниот пасивен приход преку инвестиции.

Тој оцени дека е време да се размислува за законски измени кои би овозможиле пензиските друштва да инвестираат до 50% од средствата на вториот столб на странски берзи, но со внимателно дефинирани заштитни механизми и скалест ризик.

– Може да се разгледа и модел каде државата би инвестирала дел од акумулираните средства во акции и удели на компании што создаваат реален профит, слично како во некои европски земји – додаде Мемов.

Во своето обраќање, Мемов откри дека Фондот доставил краткорочни и среднорочни мерки до Министерството за социјална политика, демографија и млади, меѓу кои:

– можност физички лица што не се во редовен работен однос, а остваруваат приходи, да уплаќаат придонеси за ПИО;

– продолжување на работниот однос по навршени 64 години на доброволна основа во приватниот сектор;

– постепено зголемување на стапката на придонес за ПИО за 0,3% годишно до 2030 година;

– плаќање придонеси за ангажираните со договор на дело во јавниот сектор.

Мемов потсети дека реформата од пред две децении помогнала да се подобри наплатата на придонесите и да се обезбеди поголема транспарентност и сигурност за осигурениците.

– Со воведувањето на вториот столб, секој осигуреник има свои лични средства за пензија, јасен увид и поголема доверба во системот – рече тој.

На крајот, Мемов апелираше дека само со координирани активности на сите институции, Владата, Министерството за социјална политика, пензиските друштва, МАПАС и Фондот, може да се постигне долгорочна стабилизација на пензискиот систем.

– Треба да се сослушаме и заеднички да делуваме за подобро утре на осигурениците и идните пензионери – заврши директорот на ПИОМ.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45639
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат две локации

11/09/2026

Платото околу базенот „Борис Трајковски“ е една од локациите што се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар, а Владата

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат, секогаш има и други законски

11/09/2026

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески не се согласува со оценките дека судовите носат одлуки под притисок или под влијание на

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани „Ц“ и „Д“ категории

11/09/2026

Повеќе локации низ земјава денеска се предмет на полициски претреси во рамки на координирана акција на Министерството за внатрешни работи,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy