Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓорѓиевски: На платниот список на „Комунална хигиена“ има и затвореници!
Македонија

Ѓорѓиевски: На платниот список на „Комунална хигиена“ има и затвореници!

12/11/2025

AA

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска обелодени сериозни сомнежи за неправилности во работењето на јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Како што истакна, биле откриени случаи во кои на платниот список се наоѓале лица што воопшто не доаѓале на работа, а меѓу нив имало и лица кои се наоѓаат во затвор.

„Имаме ситуации во кои на плата се луѓе кои не ја извршуваат својата работа, а дел од нив дури и не се на слобода. Тоа претставува сериозна злоупотреба на јавни средства и систем кој мора итно да се расчисти,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека ќе побара целосна истрага од надлежните институции со цел, како што рече, „да се утврди кој и зошто дозволил вакви злоупотреби“.

„Јавните претпријатија треба да бидат пример за одговорно и чесно работење, а не место за партиски вработувања и фиктивни исплати. Граѓаните очекуваат отчетност и транспарентност – ова не смее да остане без одговор,“ порача градоначалникот.

Од „Комунална хигиена“ засега не дадоа официјален коментар на изнесените тврдења.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопје повторно под чад: Ветерот го носи димот од пожарот

05/09/2026
Македонија

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта,

05/09/2026
Македонија

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен –

05/09/2026
Македонија

Растот на БДП продолжува: Мицкоски очекува економијата годинава да порасне

05/09/2026
Македонија

Двајца вработени во „Национални шуми“ пријавени: Службени возила користеле за

05/09/2026
Македонија

16 возачи приведени во едно деноноќие, повеќето возеле без дозвола

05/09/2026
Македонија

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик во Европа

05/09/2026
Македонија

По години чекање, се ослободува трасата кај мостот „Генерал Михајло

05/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45482
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопје повторно под чад: Ветерот го носи димот од пожарот кај Грачани

05/09/2026

Жителите на Скопје повторно можат да почувствуваат мирис на чад, откако ветерот над Скопска Црна Гора го насочи чадот од

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта, пет се ставени под контрола

05/09/2026

Според последниот пресек на Центарот за управување со кризи (ЦУК) направен попладнево до 18:00 часот, противпожарните екипи ширум земјава се

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен – Ангелов: Силите се преморени

05/09/2026

Нова серија пожари денеска ја стави на сериозен тест противпожарната служба во земјава. На отворен простор се регистрирани повеќе од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy