
СТАНОВИТЕ „ЗЈААТ“ ПРАЗНИ: Хрватска се соочува со сериозен проблем, никој не живее во 600.000 домови
Во 2021 година во Хрватска имало речиси 2,4 милиони станови, што е зголемување за 6,5 отсто во однос на 2011 година, но бројот на населени станови е намален за 4,2 отсто, додека бројот на празни станови е зголемен за цели 43 отсто. Ова го покажале резултатите од последниот Попис на населението, домаќинствата и становите.
Зголемувањето од шест и пол проценти на вкупниот број на станови, кој сега изнесува 2.391.944 во однос на состојбата од пописот во 2011 година, се одрази и во зголемувањето на главните групи станови според начинот на кој тие се користат, пренесува Seebiz. .
Бројот на станови за постојано живеалиште, во кој спаѓаат населени и привремено ненаселени, односно празни станови, е зголемен за 6,1 отсто на 2.028.725, објави Хрватскиот државен завод за статистика (ДЗС).
Вселените станови се намалени за 4,2 отсто, а значително е зголемен бројот на привремено ненаселени станови за дури 43 отсто.
Според податоците во Хрватска има 600.000 ненаселени станови и 231.000 викендички.
Фото: Принтскрин/Твитер

