
СТАН ОД 19 КВАДРАТИ СЕ ПРОДАВА ЗА 152.800 ЕВРА: Дали ви делува прифатливо?
Во морето од атрактивни недвижности на пазарот, еден стан на Брач привлече огромно внимание – и со добра причина. Модерен стан од само 19,1 квадратни метри во градот Мурвица се продава за дури 152.800 евра, или 8.000 евра за квадратен метар.
Купувачот добива право да користи една деветтина од заедничката градина со опремена надворешна кујна, џакузи, сауна, место за јадење и јога. Плажата е оддалечена 250 метри, а јавниот паркинг е оддалечен 30 метри, пренесуваат медиумите од регионот.