Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот и услови за слаб локален дожд во источните и северните делови во вечерните часови и во текот на ноќта. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со услови за слаб локален дожд во вечерните часови и во текот на ноќта. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. T=17°C. P=980hPa. U=23%. V=6m/s.
Во недела и понеделник следува преодна стабилизација на времето. Во недела ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а во понеделник ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви период во централните делови од земјава. Од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд. Во вторник врнежите ќе бидат претежно во западните и северните делови. Во среда и четврток облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, повремено силен и ќе достигне брзина од 50 km/h.