Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СРПСКИТЕ ДИНАРИ НЕ СТИГНАА ВО ЛЕПОСАВИЌ: Забранет e влез за возилото на Народната банка на Србија
Регион

СРПСКИТЕ ДИНАРИ НЕ СТИГНАА ВО ЛЕПОСАВИЌ: Забранет e влез за возилото на Народната банка на Србија

07/02/2024

AA

Нов инцидент на Косово се случи денеска поврзан со српскиот динар. Забранет e влез за возилото на Народната банка на Србија во кое имало динари за пензии и плати за косовските Срби. Динарите требало да бидат пренесени во трезорот на Народната банка на Србија во Лепосавиќ.

Властите во Приштина денеска не дозволија да влезат динари, наменети за исплата на плати, пензии, социјални и други исплати на српското население. Како што соопшти Народната банка на Србија (НБС) за Косово онлајн, иако возилото со српски динари е испратено на преминот Јариње според сите одамна воспоставени и многу прецизни процедури, тоа денеска е вратено од тој премин без никакво образложение. Блиндираното возило со парите, кое било испратено од подружницата на НБС во Крагуевац, пристигнало на Јариње околу 11 часот каде парите во динари требало да ги подигне возилото на британската компанија „Хендерсон“, која има дозвола за превоз на пари и со која НБС соработува со години. Како што јави Косово онлајн, по неколкучасовно чекање за одобрение од Приштина, дозволата не стигнала и влезот е забранет. Ова е прв трансфер на пари во динари по 1 февруари и стапување во сила на уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК) за воведување евра и забрана за динари. Косовскиот премиер Албин Курти даде објаснување. 

„Речиси 35 отсто од српската заедница во Косово добива пензии од нашата Влада на сметки во евра. Пензиите добиени од Србија може да се префрлаат на истите сметки, како додаток, а не како замена за постоечките шеми за бенефиции. Покрај официјални филијали на банки, има уште 15 финансиски институции на кои може да им се исплатат пензии од Србија, во отсуство на банкарски сметки“, објасни косовскиот премиер Албин Курти.

Тој додаде и дека „отворањето и одржувањето на нови банкарски сметки во евра ќе биде бесплатно“.

Неколку земји го повикаа Косово да ја одложи мерката, но тоа не се случи. Косово уште не ја формираше и Заедницата на српски општини. 

Фото: ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА

06/11/2026
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не

06/11/2026
Македонија

ЗА ЗНАМ НЕМА ОТСТАПКИ КОН БУГАРИЈА БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Движењето останува

06/11/2026
Македонија

НА 60 ГОДИНИ ЈА ТЕРАЛ 80-ГОДИШНАТА МАЈКА ДА ПИТАЧИ Жената

06/11/2026
Македонија

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА

06/11/2026
Македонија

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од

06/11/2026
Македонија

СО 6 ИНВЕСТИТОРИ ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ПРОДАЖБА НА „АЛТА

06/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ НАЈУСПЕШНИТЕ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова бара еднаков

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46637
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА ПАЛАНКА? Ако нема коj друг,

06/11/2026

Повеќе од 1.000 грла крупен добиток, според процената на локалните власти, неконтролирано се движат низ Кривопаланечко, уништуваат насади и оштетуваат

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не беше случај во времето на

06/11/2026

Извештајот на Европската Комисија категорично потврдува дека актуелната Влада никогаш не го злоупотребила европското знаменце за некој закон, што не

ЗА ЗНАМ НЕМА ОТСТАПКИ КОН БУГАРИЈА БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Движењето останува на ставот за уставни измени

06/11/2026

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија порача

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy