Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Српски државјанин помогнат од македонски цариник криумчарел злато на скопскиот аеродром
Магазин

Српски државјанин помогнат од македонски цариник криумчарел злато на скопскиот аеродром

16/08/2023

AA

 

Поднесен е обвинителен акт од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје против српски државјанин со турско потекло за криумчарење, како и против македонски царински службеник кој е обвинет дека му помогнал при извршувањето на делото.

Од Јавното обвинителство известуваат дека обвинетиот на 20 март пристигнал на скопскиот аеродром со лет од Истанбул и избегнувајќи ја царинската контрола, пренел 43,13 килограми разновиден златен накит во проценета вредност од околу 2.200.000 евра. Со отстранување на пречките за извршување на кривичното дело со умисла му помогнал обвинетиот царински службеник, кој во тој момент не бил на должност.  

Како што соопштија, цариникот го пречекал странскиот државјанин во делот пред пасошката контрола и се обидел да му помогне да ја избегне царинската контрола, насочувајќи го најпрвин кон „зелениот“ коридор за багаж без стока за пријавување. Меѓутоа, тој коридор бил затворен со безбедносна лента, а сите патници биле насочени кон „црвениот“ коридор за контрола и кон скенерот. Непочитувајќи го ваквото насочување, царинскиот службеник ја поместил безбедносната лента, заедно со обвинетиот ја поминал царинската линија и се упатил кон излезот на аеродромот. Во тој момент интервенирале други царински службеници, по што обвинетите биле запрени, а при претресот на багажот бил пронајден вредниот златен накит.

Заедно со обвинителниот акт за кривичното дело Криумчарење според член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, јавниот обвинител поднел и предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети, бидејќи сѐ уште постојат законските основи поради кои таа мерка првично им била определена. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy