Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средношколци од Тетово собираа пари и го реновираа детското одделението во тетовската болница
Македонија

Средношколци од Тетово собираа пари и го реновираа детското одделението во тетовската болница

14/05/2023

AA

8 ученици од средните училишта од Тетово како волонтери во Проектот за хумани вредности во рамките на Црвен Крст, го реновираа одделот за Педијатрија во клиничката болница во Тетово. Тие организираа неколку активности и собрале финансиски средства кои ги користеле за реновирање на делови на овој оддел. Групата се состои од ученици од средното економско и медицинското училиште.

„Тука сме за да видиме што сме направиле со учениците кои се активисти во Црвен Крст и работат за реализирање на идеите и проектите. ПЕАВ проектите се проекти кои промовираат хуманитарни вредности и моментално се спроведува во цела Македонија каде се ангажирано над 1200 млади кои реализираат над илјада проекти и се собираат средства. И во Тетово имаме 30 ученици од албанските одделенија и 30 од македонските одделенија  поделени се во 4 групи каде има разни активности кои ги реализираат учениците“, изјави Ливета Латифи, професорка.

Волонтерите на Црвен Крст велат дека оваа инвестиција е овозможена преку разни активности. Според нив целта била тие да соберат што повеќе средства за да ги донираат  во овој оддел.

„Ние сме четири групи. Нашата група е фокусирана во одделот за Педијатрија и цртавме по ѕидовите. Исто така дониравме две ваги, една мала и една голема и 5 инхалатори“, вели Ринора Јусуфи.

„Се што гледате овде, парите се собрани од активности, имавме локал во центар но имавме и донатори и ова е резултатот“, вели Бесник Мустафи.

Во организацијата на Црвениот крст во Тетово, 30 средношколци поделени во групи се вклучија како волонтери во Проектот за хумани вредности кои и помагаат на заедницата. Во текот на саботата една од групите организираше акција за собирање средства за семејство со социјално загрозен статус од село Сиричино.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy