
„Средете ги хулиганите, или во Амстердам нема да играте повеќе!“
Амстердам нема да ги толерира, ниту трпи дивјаците, па на Ајакс и на холандската федерација им упати последен ултиматум, или ќе ги средат хулиганите или Ајакс во Амстердам нема да заигра фудбал.
„Ако Ајакс и холандската федерација немаат слух да преземат мерки, тогаш јас ќе преземам конкретни чекори. Ако хулиганите не престанат, ќе ги откажеме сите мечеви на Ајакс во Амстердам. Клубот е одговорен за однесувањето на своите навивачи и за сѐ што се случува на стадионот. Правило е да нема пиротехника на стадион, а очигледно претресот не е добар, не е првпат да се употребува пиротехника“, вели Хаслема за холандски „НОС“.
Таа побара уште поголем број на редари на стадионите, но и безбедносни мрежи кај секторите со највоинствените навивачи, за да не може пиротехниката да ја фрлаат на терен.