Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Спасовски – Демерџиев: Македонското и бугарското МВР ќе ги преземат сите мерки за да се избегнат провокации на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев
Македонија

Средба Спасовски – Демерџиев: Македонското и бугарското МВР ќе ги преземат сите мерки за да се избегнат провокации на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев

30/01/2023

AA

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во Скопје, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев.

Двајцата министри ја потенцираа одличната соработка меѓу полициите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, што е еднакво важно како за министерства за внатрешни работи на двете земји, така и за двете држави, но и за регионот.

Министрите Спасовски и Демерџиев ја потврдија посветеноста на унапредувањето и продлабочувањето на билатералната и оперативната соработка, во насока на зајакната регионална соработка како еден од главните приоритети, посебно во делот на сузбивање на организираниот криминал, трговијата со луѓе, недозволената трговија со дрога, криумчарењето мигранти и справувањето со илегалната миграција.

Во насока на добрата соработка меѓу двете полиции беа посочени и заедничките вежби на специјалните единици на двете земји кои минатата година во Софија и во Охрид.

Особено е важно, потенцираа двајцата министри, одржувањето на редовни директни контакти, со цел да си помогнеме едни на други, а во насока на решавање на било какви безбедносни предизвици.

„Оваа средба ја реализираме на неколку дена пред чествувањето на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари, во услови на зголемени тензии и различни најави за евентуално нарушување на јавниот ред и мир. Сакам да потенцирам, да упатам јасна порака дека македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и дека апсолутно нема да дозволиме никаков инцидент, односно ќе имаме чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев“, рече министерот Спасовски.

Министерот Демерџиев потенцира дека бугарското Министерство за внатрешни работи ќе ги преземе сите мерки за да се избегнат провокации на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев.

“Работиме превентивно за да нема проблеми. Ќе направиме се’ што е неопходно од бугарска страна за чествувањето да помине како што треба. Да не дозволиме поединци да палат оган таму каде што го нема. Исто така, очекувам целосно расчистување на нападот врз Пендиков и виновниците да бидат казнети. Само со адекватни казни ќе спречиме слични случаи во иднина”, рече министерот Демерџиев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42350
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето во делот на лифтот

10/04/2026

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026

На 09.04.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија службен разговор со Г.М.(52) од струшкото село Калишта. Претходно,

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy